Црна хроника
Пронајдена дрога во хостел во Никифорово
При претрес на хостел во село Никифорово полицијата синоќа пронашла марихуана, дробилки за марихуана и низа други предмети.
„Полициски службеници извршиле претрес во хостел во село Никифорово, гостиварско, кој под концесија го стопанисувал 29-годишниот В.Л. од Скопје. Тој бил присутен, а бил затекнат и неговиот брат И.Л. на возраст од 32 години. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки за марихуана и други предмети“, се наведува во соопштението од полицијата.
И.Л. бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Гостивар за понатамошна постапка, велат од полицијата и додаваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.