Забава
Мадона за 1,5 милиони долари ќе изведе две песни на Евровизија 2019-та

Мадона ќе потпише договор вреден 1,5 милиони долари за изведување на 2 песни на натпреварот за песна на Евровизија 2019-та, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел, пренесуваат светските медиуми.
Според медиумите појавувањето на Мадона на Евровизија ќе го финансира милијардерот Силван Адамс. Како што пренесуваат медиумите, договорот најверојатно ќе биде потпишан од страна на Силван Адамс и менаџментот на Мадона во следните неколку дена.
Тел Авив оваа година ќе биде домаќин на натпреварот за песна на Евровизија 2019-та. Евровизија 2019 ќе биде 64 издание на фестивалот Евровизија. Домаќин ќе биде Израел која победи на Евровизија 2018-та во Португалија со претставничката Netta – Toy.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дејвид Бекам прогласен за витез

Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам за новинарите, кој пораснал во скромна околина во источен Лондон во семејство на патриотски и горди британски родители и баби и дедовци.
50-годишниот поранешен фудбалер, кој се пензионира во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, сега ќе станат сер Дејвид и леди Викторија.
Бекам, икона во светот на фудбалот и модата, со години е номиниран за витез, а сега конечно е почестен за своите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Поранешниот англиски репрезентативец играше 115 пати за својата земја и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“, а беше и многу активен во хуманитарната област. Во соработка со УНИЦЕФ тој водеше кампањи за организацијата што работи со името Malaria No More и работи на искоренување на маларијата во целиот свет.
Во јуни 2024 година кралот Чарлс официјално го назначи за амбасадор на својата фондација (Фондацијата на кралот).
Тој и неговата сопруга се блиски со кралот и неговото семејство многу години. Тие беа поканети на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, како и на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година. Бекам претходно го доби Орденот на Британското Царство (OBE) за заслуги во спортот во 2003 година, кој му го додели кралицата Елизабета II.
Забава
(Фото) Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, таа беше фотографирана на улиците на Лондон

Познатата пејачка Рита Ора често привлекува внимание со својот изглед.
Таа е секогаш тема кога станува збор за прекрасен изглед, а постојано покажува дека обожава да истакнува сè што поседува.
Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, овој пат таа беше фотографирана на улиците на Лондон.
Како и секогаш, екстравагантната Рита избра асиметрично здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од тантела, но преку сè имаше и јакна.
Пејачката го комплетира својот моден изглед со розови сандали со пердуви, меѓутоа сите многу повеќе гледаа во горниот дел и во нејзините обликувани стомачни мускули.
Впечатливиот накит и очилата за сонце се неопходен дел од секој нејзин миоден изглед.
Забава
(Фото) Бред Пит и Бредли Купер на двоен состанок во Њујорк

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа видени како уживаат во вечерно излегување со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон. Четворката беше фотографирана како го напушта ресторанот „Коут Корејн Стекхаус“ во Њујорк.
Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за прв пат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за прв пат беа видени заедно во 2022 година на концертот на Боно во Лос Анџелес.
Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.
Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на многубројни трки на Формула 1, а Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.