Македонија
(Видео) Облаци црн чад се креваат од гинекологијата во Чаир
На социјалните мрежи денеска почна да кружи видео снимка на која е направена од Специјалната болница по гинекологија во Чаир, каде што се гледа црн чад од оџаците на болницата.
Во коментарите на социјалните мрежи граѓаните прашуваат на што се грее болницата, и што го проиведува тој црн облак кој излегува од оџаците, во коментарите може да се забележи и дека грашаните кои поминуваат или живеат таму се жалат на непирјатен и лош мирис.
Скопје до пред неколку дена беше на врвот на листата за најзагадени градови во светот, додека пак утринава се спушти на 11-тото место. Владата пред околу една недела воведе и превентивни мерки и препораки против аерозагадувањето кои за само два дена беа укинати, со образложение дека загадувањето се намалило.
Загадувањето во главниот град е долгогодишен проблем со кој се справуваше и поранешната, но се справува и сегашната власт, но на проблемот со загадувањето му нема крај. На граѓаните им преостанува да се надеваат дека најавениот југозападен ветер, кој според синоптичарите ќе дува во текот на денот, ќе го задржи минималното ниво на ПМ10 честички во воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

