Црна хроника
Пожар во село Врбоец
Синоќа по 20 часот, од страна на територијалната противпожарна единица Крушево во полициската станица во Крушево било пријавено дека во село Врбоец избувнал пожар.
Според информациите на полицијата пожарот, кој избувнал во помошна просторија во куќата во сопственост на Р.М., бил изгасен.
Во текот на денешниот ден е извршен увид, а од полицијата додаваат и дека во пожарот за среќа нема повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.