Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори

СДСМ и Заев се подготвуваат повторно да ја изиграат волјата на граѓаните на Република Македонија. Аболицираниот Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада и предвремени парламентарни избори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ и Заев се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ и затоа како и за референдумот спремни се на сè, освен на фер и демократски изборен процес.
Тие знаат дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази што му ги приредија. Токму затоа немаат храброст да се соочат со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната што ќе им следува.
,,Откако е СДСМ на власт, државата и граѓаните сè повеќе осиромашуваат. Над 500 000 граѓани живеат во беда и сиромаштија додека криминалниот картел и неговите функционери секојдневно си делат државни тендери и грантови и си покачуваат плати. Нема повисоки плати за граѓаните, нема повисоки стипендии, нема повисоки пензии, но затоа има поголеми трошоци за живот, поголеми даноци и корупција која со СДСМ ги доживува своите златни денови.
Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата. Како и тоа да не им беше доста, па на македонскиот народ му го погазија достоинството и му го нанесоа најголемото понижување. СДСМ на најбезобразен и насилнички начин, по пат на закани и уцени, спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата и се откажа од македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и традиција”, се вели во соопштението.
Во него се додава дека граѓаните јасно на 30 септември порачаа дека се против промена на уставното име на Република Македонија. СДСМ и аболицираниот Заев се одлучија да одат спротивно на сопствениот народ, само заради лични и кариеристички цели и граѓаните тоа никогаш нема да им го простат.
,,СДСМ и Заев во овие две години донесоа само црнила, понижувања и порази. Затоа бегаат од предвремени парламентарни избори кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, го гледаат гневот на македонскиот народ кој со секој изминат ден сè повеќе се противи на нивните црни политики.
ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот.Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го остварува. Тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за доброто на граѓаните, за доброто на Македонија и во заштита на државните и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ е народна, партија од народот, од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е заедно со својот народ и секогаш на патот на Македонија.Граѓаните заслужуваат подобар живот, подобар стандард и подобра иднина за себе и за своите деца. Тие не смеат повеќе да живеат бедата, црнилата и понижувањата кои ги нанесуваат СДСМ и аболицираниот Заев. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Анѓушев: Паркингот пред Лептокарија ќе произведува струја

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Александар Анѓушев и кандидатката за советничка Љубица Шопова денес се сретнаа со дел од жителите на Лептокарија. Во разговор со граѓаните беа претставени програмските приоритети на коалицијата, како што се зелени и пристапни јавни простори, транспарентно локално управување и оживување на културниот живот во Карпош.
Анѓушев најави јасен курс кон спроведување на одржливи решенија за паркирањето во овој дел од општина Карпош.
„Паркингот пред Лептокарија мора да прерасне во извор на чиста енергија, во Советот ќе бараме поставување на соларни настрешници наместо изградба нова катна гаража и бетон. Јавниот интерес мора да биде пред профитот“, рече Анѓушев.
Шопова зборуваше за приоритетите во делот на културната инфраструктура и јавните објекти.
„Напуштените јавни објекти во Карпош ќе ги пренамениме во живи културни пунктови за музика, театар, ликовни и младински програми. Јавниот простор е право, не милост, културата треба да се гледа и слуша во секое маало“, порача Шопова.
Соопштенија
Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека општината ќе биде пример за развој, со конкретни проекти и визија во областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и соодветна грижа за младите и постарите.
„По децении ветувања-нашиот планински бисер, локалитетот на Калин Камен ќе го добие заслуженото место на туристичката карта, поставувањето на ски лифтот на локалитетот ќе значи реален развој на Калин Камен. Поддршката за младите и спортот ќе биде реална и конкретна, ќе славиме заеднички победи со проектот 100.000 евра годишно за спортот во Крива Паланка. Изградба на ново сообраќајно решение со мост и семафорска раскрсница за поврзување на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ со патниот правец А2 и населбата Бегови Бавчи. Изградба на нов мост преку Крива река во ширина од 7 метри со тротоари за безбедност на учениците и учесниците во сообраќајот“, рече Алексовски.
Алексовски истакна дека ќе се инвестира во патната инфраструктура, младите и спортот, но воедно и Крива Паланка ќе добие спортски терени, нови детски игралишта и прочистителна станица за отпадни води на Крива река.
„Ќе градиме локална и регионална патна инфраструктура, со предвидени над 40 километри асфалтирање на патни правци во повеќе села. Ќе градиме и канализациони системи, ќе ги одржиме постојните и нови зелени површини. Ќе го ставиме во функција градскиот базен, спортот ќе доживее експанзија со доуредување на спортската сала кај мотел Македонија. Младите ќе имаат централно место во нашето работење, ќе формираме центар за млади, младите ќе добиваат не само стипендии, туку спортистите ќе имаат буџет за спортски ваучер, ќе се отвори локално радио Крива Паланка, ќе поддржиме младински старт-апи, ќе се градат и уредуваат нови детски игралишта, спортски терени, ќе ги обновиме училиштата. Крива Паланка ќе добие главен колектор и прочистителна станица за отпадни води на Крива Река, проект за кој етапно ќе изнаоѓаме средства“, вели Алексовски.
Соопштенија
Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.
„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во „Карши Бавча“. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во „Царина маала“, чија реализација е започната и се одвива извесен период“, вели Николовски.
Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.
„Реконструкција на речиси сите улици во „Зорле маала“, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица“, рече Николовски.