Македонија
Џафери и Бејли согласни да се продолжи и продлабочи соработката меѓу Собранието и УСАИД

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, остварија средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, на која присуствуваше и новата директорка на канцеларијата на УСАИД за Македонија, Гречен Биркл.
Како што информираат од одделението за односи со јавноста, на средбата се дискутирало за досегашната соработка помеѓу Собранието и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на парламентот преку програми финансирани од оваа организација.
Претседателот Џафери изрази задоволство и благодарност за досегашната соработка и поддршка и нагласи дека Собранието е отворено за понатамошна соработка со стратешките партнери.
Воедно, соговорниците се согласија дека има резултати од досегашната соработка и заклучија дека постојат заемен интерес, волја и простор оваа соработка да се продолжи и унапредува и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски од Блед: Нашата стабилност е европска стабилност, нашиот напредок е европски напредок

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.
Во своето обраќање, Муцунски ја истакна клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија.
„Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок“, нагласи министерот во обраќањето.
Тој посочи дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, истовремено нагласувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми.
„Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“, потенцираше министерот Муцунски.
Притоа, тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија.
„Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е фер и взаемен – и пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро“, заклучи Муцунски.
Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.