Македонија
Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне
На денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), италијанскиот сенатор Роберто Антоњоне, кој престојува во работна посета на Република Македонија, беа разменети повеќе информации и мислења околу досегашната и идна соработка на нашата земја во рамките на ЦЕИ.
Претседателот на законодавниот дом, посакувајќи му добредојде на гостинот, упати честитка по повод неговиот избор за генерален секретар на ЦЕИ во периодот кога се одбележуваат 30 години од формирањето на оваа иницијатива и притоа изрази уверување дека со успешното затворање на спорот со Република Грција, како и нашето членство во НАТО и ЕУ, на некој начин во голема мера полека ја исполнуваме и мисијата на ЦЕИ, а тоа е пред сѐ европското интегрирање на регионот на Западен Балкан, како и зајакнувањето на соработката и добрососедската политика како клучни фактори за развој на земјите од Балканот.
Претседателот Џафери, исто така, го потенцираше фактот дека улогата на парламентарната соработка во рамките на ЦЕИ е од големо значење и нагласи дека парламентарната делегација на Собранието на Република Македонија активно ќе продолжи да учествува во работата на парламентарната димензија на ЦЕИ и во наредниот период затоа што со тоа се отвораат многу можности за директна и непосредна комуникација и соработка меѓу државите на сите полиња.
Генералниот секретар на ЦЕИ, сенаторот Роберто Антоњоне, изрази задоволство од средбата со претседателот Џафери и упати честитки за големиот успех што го постигнавме како држава во решавање на спорот околу името со Република Грција и отворањето на нашиот пат кон Европа и изрази надеж дека овој пристап на решавање на отворените прашања меѓу соседите ќе биде пример за сите други земји во регионот.
Тој, исто така, нагласи дека ЦЕИ како иницијатива за поврзување и интегрирање на земјите од регионот кон европските вредности, претставува еден вид алатка преку која државите полесно може да ја артикулираат и реализираат својата политика за стабилизација и интеграција. На крај, генералниот секретар на ЦЕИ изрази уверување во успешното продолжување на досегашната соработка и нашата партиципација во рамките на институциите на ЦЕИ. Двајцата соговорници ѝ посакаа на Италијанската Република успешно претседавање со ЦЕИ во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

