Контакт

Соопштенија

СДСМ: Кој и да е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, го чека пораз на претседателските избори

Објавено пред

Кој и да е кандидатот на Мицкоски што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, го чека пораз на претседателските избори, велат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

„Изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е само фарса, Мицкоски сам ќе си го бира својот фаворит. Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори. Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата, на граѓаните и ќе работи за напредок и иднина во НАТО и ЕУ.

„Пионот Мицкоски и неговиот антизападен кандидат нека се подготват за изборен пораз“, порачуваат од СДСМ.

Соопштенија

Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Објавено пред

Од

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

Објавено пред

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски најавува многубројни капитални проекти во Центар: Повторно имаме победничка програма

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија.

dobivaj vesti na viber

Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината.

„Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на возилата во Дебар маало, поставуваме две монтажни катни гаражи, градиме нов административно-граѓански објект со подземен паркинг за 300 возила и градиме два нови покриени базени. Покрај овие капитални проекти, воведуваме и Центарска картичка со која центарци ќе имаат бројни поволности и попусти“, вели Герасимовски.

Герасимовски, порачува дека учениците од прво до четврто одделение добиваат бесплатен оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатни екскурзии низ Македонија за да ги запознаат убавините, културата, историјата на татковината.

Тој, додава дека Центар добива и три слободни Free Wifi зони со што граѓаните, но и туристите ќе користат бесплатен интернет.

„Во недела да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 5, затоа што само така Центар ќе продолжи да се развива, да живее чисто, зелено и европски. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Центар да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за чисти улици, модерна и уредна општина“, порачува Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија48 минути

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 час

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија3 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет6 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа6 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа6 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија14 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија17 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија18 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија19 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија20 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...