Црна хроника
Малолетник со нож повредил 18-годишник при тепачка во Драчево
Во полицијата во Драчево во утринските часови на 4 февруари било пријавено дека во близина на државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата дошло до тепачка меѓу ученици.
Како што информираат од МВР, 17-годишник од село Вражале со нож му нанел повреда на 18-годишник од село Батинци, Скопско.
Повредениот тинејџер бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на малолетниот напаѓач му била укажана помош во амбулантата во Драчево. Потоа тој бил приведен во полициска станица, а повикани биле и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.
По документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.