Свет
Германски основни училишта ќе воведат тоалети за „трет пол”
Три нови основни училишта во регионот околу Минхен во германската држава Баварија предлагаат воведување тоалети за „трет пол” за децата кои не се идентификуваат како момчиња или девојчиња, пренесува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Предлогот за тоалети за „трет пол” во општината Пулах доаѓа откако идејата била предложена од еден надворешен советник на училиштето.
Додека портпаролката на Пулах тврди дека градот во моментот нема почнато ни да ги планира фазите за тоалети за „трет пол“, од градот Гаршинг велат дека тие веќе ги направиле плановите, а во третото училиште, во Таукирхен, веќе се консултирале со архитектонска компанија за идејата.
Ова ќе бидат први училишта во Баварија кои ќе имаат тоалети за „трет пол“, вели портпаролот на баварското Министерство за образование, потврдувајќи дека немаат информации за други училишта кои ја прифатиле идејата.
Предлогот доаѓа само еден месец откако германскиот парламент одобри дозвола поединците да се запишат како „трет пол“ на своите пасоши и други документи за лична идентификација по одлуката на судот што ѝ овозможи на владата целосно да ја укине графата „пол“ во официјалните документи за идентификација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави на, како што рече, новите ризици откако Русија искористи нова ракета со среден дострел.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара сериозен одговор за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да ги почувствува вистинските последици од неговите постапки.
Путин во четвртокот рече дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која современите системи немаат начин да се спротивстават.
Свет
САД: Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба
Соединетите Американски Држави веруваат дека Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба, за која само се чека политичка одлука, изјави денеска заменик-помошникот државен секретар за контрола на вооружувањето.
Се додава дека САД и нивните сојузници брзо и одлучно ќе одговорат на евентуалниот нуклеарен напад на Северна Кореја врз Јужна Кореја.
Предупреди дека уште една нуклеарна проба од Северна Кореја ќе ги ескалира регионалните тензии и ќе претставува „безбедносен ризик за целиот свет“, објави Јонхап.
Свет
Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто
Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот состанок на групата Г7, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Оваа влада останува цврста на една работа: одговорноста на државата Израел и терористичката организација Хамас не може да се поистоветува“, се вели во изјавата на премиерката Мелони, која рече дека ќе ги испита мотивите на судот.
Италија, која во моментов претседава со групата Г7, во понеделник ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи во Фиуџи, град во близина на Рим.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна сменетиот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Сојузниците на Израел ја критикуваа одлуката. Генерално, од земјите-членки на МКС се бара да спроведат налози за апсење, иако меѓу тие држави постои несогласување за тоа како да се однесуваат со Нетанјаху. Унгарија веќе соопшти дека има намера да го игнорира налогот за апсење.