Забава
Човек од Австралија тврди дека е тајниот син на Камила и Чарлс, Дијана знаела сè
Симон Доранте-Деј (52) од Австралија тврди дека е тајниот син на принцот Чарлс (70) и Камила (71). Човекот, чие средно име е Чарлс, бара анализа на ДНК за да докаже дека е во право, пишува „Мирор“.
Симон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и сега живее во Австралија. Семејството, кое го подигнало, го усвоило кога имал само 18 месеци. Човекот е убеден дека е плод на првата афера на познатата кралска двојка, а тој е роден кога Чарлс имал 17, а Камила 18 години.

Ако принцезата Дијана не загинеше во сообраќајна несреќа во 1997 година, Симон тврди дека целиот свет ќе дознаеше за него.
„Верувам дека Дијана знаеше дека постојам. Мислам дека наоѓаше сè повеќе одговори за својот живот, за тоа какво зло ѝ е направено и сакаше тоа да го објави јавно”, вели Доранте-Деј.

Тој беше посвоен од вработена на кралицата Елизабета Втора (92) и принцот Филип (97), Винифред. Таа многу пати му кажала кои се неговите родители.

„Таа не ми кажуваше одоколу, туку отворено зборуваше за тоа”, вели Симон, кој неодамна јавно објави на социјалните мрежи дека е син на Камила и Чарлс.

Инаку, Чарлс се ожени со принцезата Дијана во 1981 година, а се разведоа во 1996 година Во 2005 година, Чарлс се ожени со својата стара љубов, Камила. Дијана и Чарлс ги имаат синовите Вилијам (36) и Хари (34), а Камила од бракот со Ендрју Паркер Боулс (79) има ќерка Лора (41) и син Томас (44).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.
Забава
Дејвид Гета (58) го доби четвртото дете
Дејвид Гета го пречека своето четврто дете. Познатиот 58-годишен француски диџеј и неговата 34-годишна девојка Џесика Ледон го пречекаа своето второ заедничко дете, синот Скајлер, а веста ја објавија на Инстаграм.
Двојката веќе има син, Сијан, а Гета е и татко на 22-годишниот Тим Елвис и 18-годишната Анџи од бракот со поранешната сопруга Кети.
Во заедничка објава, која беше споделена и на профилот на Џесика Ледон, тие напишаа: „Добредојде на овој свет, Скајлер ❤️ Најубавата тајна што некогаш сме ја чувале“.
На една фотографија се гледа нивниот син Сијан, кој наскоро ќе наполни две години, како ѕирка во креветчето каде што спие Скајлер. Гета објави и кратко видео во кое новороденчето спие на гради. „Ова мало спие на моите гради“, рече тој, додавајќи: „Шшш“.
Голем број познати личности брзо одговорија во коментарите. „Честитки“, напиша Џенифер Лопез, а Иванка Трамп рече: „Толку сум среќна за вас! Честитки Дејвид и Џесика!“
И колегите диџеи исто така им честитаа – Тиесто напиша: „Честитки, брате“, а Армин Ван Бурен: „Честитки, човече“. Пејачот на Каскада додаде: „О, честитки и целата среќа на светот“.
Дејвид Гета и Џесика Ледон првпат се запознаа во 2015 година. Се вели дека се разделиле во 2022 година, но повторно се зближиле следната година. Во март 2024 година, тие го добија својот прв син.
Забава
(Фото) Трикот за подолги нозе што го обожава Марго Роби: Се враќаме на трендот од 70-тите
Марго Роби често е инспирација за многу жени и секоја облека навистина ѝ стои совршено, па затоа едвај чекаме да видиме со какви нови работи ќе нè изненади и што ќе можеме да „употребиме“ за нашите комбинации.
Сведоци сме на големо враќање на 90-тите, особено кога станува збор за модата, но ова враќање не е ограничено само на модата, туку влијае и на нашите животи.
Марго Роби и Џенифер Лопез го вратија фокусот на широките фармерки што некогаш се носеа; модел што ја нагласува фигурата и ги издолжува нозете. И токму ова е трендот што ги одбележа 70-тите, а многу дами со задоволство се враќаат на него.
Во едно од своите изданија, Марго Роби носеше фармерки со висок струк, тесни на половината и широки ногавици под колената, и покажа дека овој ретро детаљ е сè уште меѓу најголемите трендови, и јасно е зошто.
Фармерките ги комбинираше со кратка јакна што подоцна ја соблече, со потпетици и трендовски елек, а одлично одат и со патики или други рамни чевли, како и со полежерни и елегантни парчиња.

