Забава
Корејци сакале во авион да внесат осум куфери со 252 илјади јагули
Корејци сакале од Хрватска да прошверцуваат 252 илјади јагули. Станува збор за Корејци на возраст од 38 и 47 години кои на аеродромот Фрањо Туѓман дошле со осум куфери во кои имале 252 илјади јагули од заштитен европски вид. Цариниците ги откриле. Јагулите се предадени во Зоолошката градина во Загреб.
Материјалната штета што е направена е поголема од три милиони куни, јавуваат хрватските медиуми. Корејците добиле пријава за уништување на заштитени природни вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знак во којшто се раѓаат генијалци
Луѓето родени под знакот Водолија се сметаат за најголеми генијалци во светот на зодијакот.
Тие се познати по својата неверојатна интелектуална острина и креативност, а во продолжение ви пренесуваме уште неколку причини зошто Водолиите се генијалци.
Иновативен ум
Водолиите се вистински визионери и иноватори. Нивниот ум никогаш не престанува да работи и секогаш се подготвени да истражуваат нови идеи и концепти. Тие можат да најдат оригинален и многу корисен начин за решавање на проблемите, што ги прави одлични во ситуации кога треба да се поправи штетата.
Тие се многу креативни
Креативноста е дел од природата на луѓето родени во знакот на Водолија. Тие се способни да го видат светот на сосема нов начин и често размислуваат надвор од рамката и нормите. Нивните идеи се извонредни и револуционерни, а тие се вистински експерти за доаѓање до интересни идеи.
Извонредни аналитичари
Водолиите се исклучително аналитички и способни да согледаат проблем од различни перспективи. Нивната способност за анализа им овозможува да разберат сложени концепти и да ги најдат најдобрите решенија кои ќе ги задоволат сите.
Тие се многу сочувствителни
Зад нивната генијалност се крие длабока љубов кон човечкиот род и желба да се создадат позитивни промени во светот. Нивната хуманитарна свест често ги поттикнува да ја искористат својата интелектуална дарба за доброто на целото човештво.
Забава
(Видео) „Платив дополнителни 25 евра за соба со поглед, видете каде ме ставија“
Кога барате соба со поглед во хотел, мора да наведете каков.
Откако една инфлуенсерка се „пофали“ со собата која ја доби инсистирајќи на „поглед на море“, беше поставена друга снимка од соба со поглед.
@podcast_clips_222 Rough one that #fyp #foryou #memes #british #funny ♬ original sound – podcast_clips_222
На Тикток се појави видео на кое гостин на хотел на непозната локација објаснува како платил дополнителни 25 евра за соба со поглед, а потоа покажал што добил. На почетокот на видеото тој покажа како изгледа собата, а потоа дојде на балконот со поглед – кон соседните соби и рецепцијата на приземјето.
За кратко време видеото собра 2 милиони прегледи, но и бројни коментари.
Забава
(Видео) Тејлор Свифт го прекина концертот за да помогне на човек во публиката: за овој гест доби многубројни пофалби
Пејачката Тејлор Свифт ги распродава концертите ширум светот во рамки на нејзината турнеја „Ерас“, а сега ја посети и Португалија.
Таа настапи на „Стадионот на светлината“, а потоа со еден гест ги воодушеви сите присутни.
“Ayuda por favor,” Taylor Swift says as she tries to get security to help a distressed fan, her second time stopping to help someone in need tonight at #TSTheErasTour in Lisbon pic.twitter.com/3cMVb6J7IP
— The Hollywood Reporter (@THR) May 24, 2024
Имено, на едно лице од публиката му се слошило, а Тејлор повика некого да помогне на португалски.
„Помогнете, ве молам“, рече пејачката, а потоа продолжи да пее.