Забава
Следната сезона на „Современо семејство“ ќе биде последна
Популарната серија „Современо семејство“, која има освоено 22 награди „Еми“, се ближи до својот крај. Продуцентите најавија дека следната, 11. сезона, ќе биде последна.
Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој го глуми Мичел, на „Твитер“ напиша: „Тешко ќе ми биде да се простам. Го сакам моето семејство“.
Will be hard to say goodbye. Love my family. ❤️ @ModernFam https://t.co/9RxSBbwAoC
— Jesse Tyler Ferguson (@jessetyler) February 5, 2019
Нолан Гулд, кој го глуми Лук, им се заблагодари на фановите преку официјалниот профил на серијата на „Твитер“.
So excited that #ModernFamily has been picked up for Season 11! Thank you all for joining us on this incredible journey as we head into our final season. pic.twitter.com/3CdiRjxzvj
— Modern Family (@ModernFam) February 6, 2019
„Современо семејство“ освои многу награди за овие 10 години. Меѓу другото, и „Еми“ за најдобра комедија, „Залтен глобус“ и четири награди од Здружението на филмските актери.
Претседателката на одделот за забавна програма на телевизијата Еј-би-си, на која премиерно се емитува „Современо семејство“, ја опиша серијата како една од најоригиналните комедии во историјата на телевизијата.
„Во последната сезона може да очекувате изненадувања што не смеете да ги пропуштите“, им порача таа на фановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

