Македонија
Османи-Палмер: Со учество на САД остварени се најважните пресвртни точки во Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во Вашингтон се сретна со заменикот на помошник- државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, во американскиот Стејт департмент.
„САД се повеќе од стратешки партнер на Македонија, веројатно и најважниот пријател, со чие присуство и активно учество остварени за најважните пресвртни точки од независноста на земјата, чиј успех неповратно е вграден и во изградбата на самата држава“, истакна Османи, посочувајќи притоа и на самото осамостојување на државата, Рамковниот договор, територијалната организација, како и договорот од Преспа, чија имплементација финишираше непосредно пред оваа посета.
Османи посочи и дека потпишување на протоколот за НАТО претставува резултат токму на ова партнерство, за кое истакна дека очекува да продолжи и во иднина.
„Ја очекуваме поддршката на САД и во периодот што претстои кога ќе се финализираат главните настани со кои ќе се зацементира нашата западна ориентација – целосното членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, истакна Османи.
Македонија, додаде Османи, веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на САД, ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот.
Претходно Османи учествуваше и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп, а во неговата денешна агенда е и посета и на американскиот Конгрес каде што Османи ќе се сретне со конгресменот Стив Стилерс и со новиот претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД – Елиот Ејџел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

