Свет
(Видео) Снег го обои Њу Делхи во бело, завеани делови од Индија, училиштата не работат

Њу Делхи го погоди бура со силен дожд и град, обојувајќи го градот во бело, што предизвика неверување и восхит меѓу жителите на главниот град на Индија.
На фотографиите и видеата објавени на општествените мрежи се гледаат ледени топчиња со големина на цреша и улици покриени со бел килим, според британскиот јавен сервис Би-би-си.
This is crazy. Snow in New Delhi! pic.twitter.com/AMAMYViXI1
— Rahul Rajkumar (@RahulRajkumar11) February 7, 2019
Многу луѓе ја споредуваат оваа необична сцена со оние од Чикаго или Лондон.
Освен што ги одушеви жителите на Делхи, оваа непогода, исто така, помогна да се подобри квалитетот на воздухот во градот познат по загадувањето.
This is not Shimla our capital NewDelhi pic.twitter.com/0qWE63gVZC
— TONY (@iamtony69) February 8, 2019
Бурите со градот „не се реткост за Делхи, но нивното појавување не е вообичаено”, изјави метеорологот Џејсон Николс на американскиот вебсајт „Акуведер”.
Временските непогоди, исто така, ги принудија авиокомпаниите да пренасочат повеќе од 30 летови.
Во изминатите неколку денови во делови од северна Индија се забележани големи снежни врнежи, предизвикувајќи опасност од лавини, а училиштата се затворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.