Црна хроника
Управител на кочанска фирма го оштетил државниот буџет за над 2 милиона денари

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 58-годишен кочанец и АМД „ЛОПЕН“ – Кочани, за сторено кривично дело „даночно затајување” .
Како што информираат од МВР, во периодот од 1 јануари 2015 до 31 октомври минатата година, кочанецот, како управител на второпријавеното правно лице, наведувал лажни податоци за приходите на фирмата.
На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од 2.160.635 денари на штета на буџетот на дежавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Велес приведен маж поради кражба на ташна, ја турнал сопственичката

Вчера, околу полноќ, полициски службеници го приведоа Н.А. (44) од Велес, кој е осомничен дека на улицата Христо Татарчев турнал 38-годишна жена и ѝ ја одзел ташната со пари.
Парите и ташната веднаш беа пронајдени и враќени на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител, соопшти МВР.
Откако ќе се заврши целосната истрага, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово.
Имено според полицијата, тие во неколку наврати извршиле обљуба врз двете малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.
Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Уапсен маж од Радовиш: со искрите од апарат за заварување предизвикал пожар на сува трева, кој се проширил и на шумата

Вчера во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 45-годишниот Р.И. од Радовиш.
Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.