Соопштенија
ДОМ: Граѓаните на североисточниот регион да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци.
„Не дозволувајте политиката повторно да упропасти добар еколошки проект. Уште од 2002 година преку различни проекти и донатори се обидуваме да изградиме барем една регионална санитарна депонија, но постојано во финалната фаза овие проекти се исполитизирани, финансиските средства не се потрошени, а ѓубриштата и натаму ја загадуваат животната средина. Да престанеме да се надмудруваме, туку да почнеме да работиме“ апелираше Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на крајот на јавната расправа.
ДОМ дава поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалниците во Источниот и Североисточниот плански регион во нивните напори низ транспарентна постапка да ги информираат граѓаните за придобивките од изградбата на регионалната санитана депонија близу Свети Николе. Иствремено, ДОМ апелира да се исполнат сите предуслови што ги поставува Европската Унија за конечно да може да се искорист грантот во износ од 35 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Mozzart најпосакуван работодавец за 2024 година – уште едно големо признание

Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.
Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.
Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.
„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.
Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.
ПР
Соопштенија
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието – повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, туку и на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што ги носиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уште поголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, туку дали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигитални алатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.
Микроштедење што се случува додека купуваш Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла на посебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.
Празнично пазарење со Бонус поени
Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е само купување – тоа е и можност за награда. Преку програмата за лојалност на Бонус Поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени кои можат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат да бидат одличен ресурс за купување велигденски подароци или покривање на неочекувани трошоци поврзани со празничните прослави. На тој начин, дел од празничниот буџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат да подаруваат и израдуваат.
Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола
Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат да заштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerce овозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secure технологија и комплетна прегледност на трансакциите преку мобилно или интернет банкарство. Со ова, празничното шопинг искуство станува не само удобно, туку и целосно под твоја контрола – од потврда на трансакции до следење на трошоци во реално време.
Празнична радост со долгорочна финансиска грижа
Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микроштедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.
Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.
ПР
Соопштенија
Почнува пријавувањето за Croatia Osiguruvanje Business Run – трката за најбрза македонска компанија

Најновата тим-билдинг трка за компании во земјава, Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025, ќе се одржи во четврток, 12 јуни 2025, на кејот на реката Вардар, пред болницата Acibadem Sistina, која воедно е и домаќин на настанот.
Овој нов спортски и корпоративен настан е наменет за вработени од различни компании, кои во мешани машко-женски тимови ќе се натпреваруваат на патека долга 5 километри, на кејот покрај Вардар во Карпош.
Повеќе од трка – празник на тимскиот дух
Настанот има за цел да ја поттикне физичката активност и тимската енергија меѓу вработените, при што учеството е отворено за сите компании, без разлика на големината или дејноста. Секој учесник добива торбичка, маичка, медал за финиширање, оброк, пијалоци и освежување за време на трката.
„Под мотото „Трчаме како еден – победуваме заедно“ трката Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025 има за цел да ја истакне позитивната страна на корпоративниот живот – соработката, здравјето, мотивацијата и поддршката. Тимовите ќе бидат во мешан родов состав за да ја одразат реалната слика од работното место, а трката ќе биде место каде што колегите дополнително ќе се запознаат, натпреваруваат и дружат надвор од канцеларијата“, велат организаторите.
По завршување на трката следува вечерна забава со музика во живо, лотарија со подароци и прогласување на најдобрите тимови.
Регионално финале за победниците
Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025 е дел од Adria Corporate Run League – регионална лига на бизнис трки од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Победникот од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале, каде најдобрите корпоративни тимови од регионот ќе се соочат во завршниот натпревар за најбрза компанија во Јадранскиот Регион.
Како да се пријавите
Официјалните пријави започнуваат денес, а се вршат преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. Крајниот рок за пријавување е 2 јуни 2025 или порано доколку порано се пополни предвидениот максимален број на учесници.
Основни правила на учество
Тимовите треба да бидат составени од вработени во компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница.
Една компанија може да има еден или повеќе тимови, а секој тим може да брои од најмалку три членови, до неограничен број на натпреварувачи, притоа барем едно лице да биде од спротивен пол.
Рангирањето се врши според збирното време на најбрзите тројца членови на секој тим, од кои барем едно мора да биде машко или женско лице.
Организатор
Настанот го организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, со поддршка на Кроација Осигурување и Аџибадем Систина.
ПР