Забава
(Видео) Најголемата јахта на светот ќе биде колку две фубалски игралишта

Најголемата приватна јахта „Валкира“ на дизајнерот Чулхун Парк ќе биде најголемата јахта на светот. Таа ќе биде долга неверојатни 229 метри – или едноставно кажано колку две фудбалски игралишта или 24 автобуси паркирани еден до друг.
Целиот проект „Валкира“ или изградбата на најголемата супер јахта во светот ќе изнесува 680 милиони евра и ќе го надмине сегашниот рекорд на „Азам“!
Супер јахтата „Азам“ е во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калифа бин Зајед ал-Нахјан, и има импресивна должина од 180 метри.
Проектот е дело на 36-годишниот јужнокорејски дизајнер Чулхун Парк, кој работел осум месеци со дизајнерот на јахтата Палмер Џонсон. Таа ќе биде направена од алуминиум и специјална структура на јаглеродни влакна.
Како дизајнер вели дека многу јахти се обоени во бело, па изгледаат како бели торти што ледбат над водата поради што тој се одлучил на сосема поинаков дизајн.
„Се обидов да го сменам надворешниот изглед на структурата и да создадам форми што не се праволиниски. Поради тоа, изгледа дека деловите се изместени и искривени“, објаснува авторот на проектот.
Овој пловен морски гигант може да превезува 52 гости и до 92 члена на екипажот вклучувајќи и една цела палубата само за сопствениците. Супер јахтата ќе има и кино, театар, ресторан и уметнички галерии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Очајната домаќинка“ блеска на 60 години: го покажа своето лице без ботокс

Прославената актерка Тери Хачер, која публиката ја засака во серијата „Очајни домаќинки“ како Сузан Мејер, ги воодушеви сите со својот изглед.
Актерката неодамна имаше спектакуларен настап на Канскиот филмски фестивал.
Тери покажа дека ништо не може да го замени гламурот и елеганцијата и дека не мора секогаш да бидете провокативни за да привлечете внимание.
За шоуто Ernsting’s Family во Хамбург, таа избра темно сино одело со едвај видливи цветни мотиви. Комплетот се состоеше од долго сако и панталони кои визуелно ја издолжуваа нејзината фигура.
Под сакото носеше едноставна блуза во истата нијанса, а ја комбинираше со црни чевли.
Нејзината препознатлива насмевка беше присутна цело време додека Тери трпеливо позираше за насобраните фотографи.
Иако многумина претходно шпекулираа дека таа направила некаков вид козметичка корекција, Тери објави фотографија од себе без ниту грам шминка пред повеќе од десет години и истакна дека тоа е нејзиното лице без филери или ботокс, и дека го обожава со сите негови несовршености.
И сега беше јасно дека Тери ја цени својата природна убавина и ги прифаќа годините со сите нејзини доблести и недостатоци, и едно е сигурно, таа изгледа одлично.
Забава
(Фото) Актерот Џејсон Сигел се вери

Актерот Џејсон Сегал се вери со својата долгогодишна девојка Кајла Радомски.
Ѕвездата од „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешната учесничка во шоуто So You Think You Can Dance се верија во бајковитата атмосфера на книжарата Хантингтон во Пасадена.
Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, покрај кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон со дијамант и срце. Подоцна додаде на Инстаграм стори дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
Фотографиите го прикажуваат Џејсон, 45, како клекнува пред статуа во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, чии ливчиња ја покриваат земјата под нив. Кајла, 34, изгледаше шокирана и воодушевена додека гледаше во прстенот на прстот.
Забава
Познатата манекенка објави нови фотографии, позираше во бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.
Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.
Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.