Забава
Концерт на Влатко Лозаноски во „Борис Трајковски“

Влатко Лозаноски на 23 март ќе одржи концерт во „ВИП-арената“, спортски центар „Борис Трајковски.
„Момчето, кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во ‘ВИП-арената’ со почеток од 20.30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на ‘Авалон’ е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман“, велат од продукцијата.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 13 февруари, во 9 часот, преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по цени од 500 до 1.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Очајната домаќинка“ блеска на 60 години: го покажа своето лице без ботокс

Прославената актерка Тери Хачер, која публиката ја засака во серијата „Очајни домаќинки“ како Сузан Мејер, ги воодушеви сите со својот изглед.
Актерката неодамна имаше спектакуларен настап на Канскиот филмски фестивал.
Тери покажа дека ништо не може да го замени гламурот и елеганцијата и дека не мора секогаш да бидете провокативни за да привлечете внимание.
За шоуто Ernsting’s Family во Хамбург, таа избра темно сино одело со едвај видливи цветни мотиви. Комплетот се состоеше од долго сако и панталони кои визуелно ја издолжуваа нејзината фигура.
Под сакото носеше едноставна блуза во истата нијанса, а ја комбинираше со црни чевли.
Нејзината препознатлива насмевка беше присутна цело време додека Тери трпеливо позираше за насобраните фотографи.
Иако многумина претходно шпекулираа дека таа направила некаков вид козметичка корекција, Тери објави фотографија од себе без ниту грам шминка пред повеќе од десет години и истакна дека тоа е нејзиното лице без филери или ботокс, и дека го обожава со сите негови несовршености.
И сега беше јасно дека Тери ја цени својата природна убавина и ги прифаќа годините со сите нејзини доблести и недостатоци, и едно е сигурно, таа изгледа одлично.
Забава
(Фото) Актерот Џејсон Сигел се вери

Актерот Џејсон Сегал се вери со својата долгогодишна девојка Кајла Радомски.
Ѕвездата од „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешната учесничка во шоуто So You Think You Can Dance се верија во бајковитата атмосфера на книжарата Хантингтон во Пасадена.
Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, покрај кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон со дијамант и срце. Подоцна додаде на Инстаграм стори дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
Фотографиите го прикажуваат Џејсон, 45, како клекнува пред статуа во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, чии ливчиња ја покриваат земјата под нив. Кајла, 34, изгледаше шокирана и воодушевена додека гледаше во прстенот на прстот.
Забава
Познатата манекенка објави нови фотографии, позираше во бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.
Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.
Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.