Македонија
(Видео) Арсовски: Братот и синот на Мира Дизел се вработени еден ден по распишувањето на изборите
Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, јавно да каже дали, освен син ѝ, кој се вработил во ЕЛЕМ, и брат ѝ е вработен во РЕК „Битола“? Според информации на партијата, и двајцата биле вработени пред распишувањето на претседателските избори.
„Воопшто не ѝ е лесно на пратеничката Мира (Дизел) Стојчевска штом не знаела и морала од медиумите да разбере дека нејзиниот син Виктор Стојчевски аплицирал и, за негова среќа, бил вработен во државната ЕЛЕМ. За да не ги обвини медиумите дека кријат информации од неа, еве да ѝ помогнеме со уште една информација, која би сакале да ја потврдиме пред целата македонска јавност. Почитувана Мира, дали е точно дека, освен Виктор, твојот син вработен во ЕЛЕМ, преку агенција за привремени вработувања е примен и твојот брат како перспективен бравар со завршено средно училиште? Еве ѝ шанса на Мира (Дизел) Стојчевска да се јави кај својот брат и да го праша дали и тој е ангажиран во ЕЛЕМ, односно во РЕК ‘Битола’, дали е на определено или неопределено време и дали и тој почнува со работа од 11 февруари?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Според нашите информации, додаде тој, датумот на спроведување на вработувањето на син ѝ и на брат ѝ во Агенцијата за вработување е 9 февруари, односно во саботата, а изборите се распишани во петокот на 8 февруари.
„Првиот работен ден на Виктор и на братот на Мира им бил вчера, односно на 11 февруари, во понеделникот, три дена по распишувањето на претседателските избори од страна на Собранието. Она што е симптоматично и ја интересира јавноста е следново: дали е точно и како е можно син ѝ на Мира Стојчевска да биде пријавен како вработен во државната ЕЛЕМ ден по распишување на претседателските избори во Собранието?“, рече Арсовски.
Според него, премногу е симптоматично како е можно сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања и тоа баш во институциите и претпријатијата каде што платите се многу повеќе од просечната плата од 500 евра што ја ветуваше Зоран Заев пред изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

