Македонија
Во Маврово заловен досега најкрупниот балкански рис, се бара име за мажјакот

Викендов, во близина на селото Сенце, во Националниот парк „Маврово“ беше заловен уште еден балкански рис, шести по ред од кога почнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и ГПС-следење на обележаните единки од страна на Македонското еколошко друштво во 2010 година.
Заловениот рис засега го држи рекордот за најголем балкански рис што бил фатен за научно истражување. Со 27 килограми, од Македонското еколошко друштво сметаат дека тој е вистински ѕвер.
„Викендов добивме сигнал дека една од кафез-замките е активирана и веднаш со тимот на МЕД и вработените на НП ‘Маврово’ се упативме да ја провериме замката. Изненадувачки за нас беше што се работи за крупен мажјак од 27 килограми за кој се утврди дека е постојан жител на паркот и е сликан од фотозамките на 12 локации во последните шест години“, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за зачувување на балканскиот рис при Македонското еколошко друштво.
На рисот Б8 му е поставен околувратник и веќе три дена се добиваат информации за неговото движење низ паркот. Податоците од радиотелеметријата ќе придонесат за подобро да се разберат потребите на рисот за исхрана и живеалиште, а и за дијаметарот на неговото движење.
„Сакаме на овој рис да му се даде име. Предлозите се: Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко и Вир. А може да се гласа на следниот линк“, велат од МЕД.
Од 2010 до сега МЕД ги има заловено и следено рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја.
На Балканот се проценува дека живеат помалку од 50-ина единки од видот балкански рис, кој од 2015 година го има статусот на критично загрозено животно според Меѓународната унија за зачувување на природата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар