Македонија
Во Скопје секој втор или трет ден е токсичен
Аерозагадувањето во Град Скопје има влошувачки тренд во текот на годините. Ако се земат податоците од четирите владини мерни станици во Скопје (Центар, Карпош, Ректорат – УКИМ и Миладиновци), може да се забележи дека аерозагадувањето во 2018 е полошо дури од 2015 година, соопшти заедницата на екоактивисти „Скопје смог аларм“.
Според нивните укажувања, просечниот број на денови со надмината среднодневна гранична вредност за ПМ 10-честичките (50 мг/м3) во Скопје во 2018 е 140 дена и е во континуиран пораст, а просечната годишна концентрација на ПМ 10-честичките е релативно стабилна во текот на годините.
Податоците се уште повеќе застрашувачки ако се има предвид дека недостигаат вредностите од неисправните мерни станици Лисиче и Гази Баба, кои секогаш се највисоки. ЕУ-лимитите за аерозагадување се максимум 35 дена во календарска година со надмината среднодневна гранична вредност за ПМ 10-честичките (50 мг/м3) и максимална просечна годишна концентрација на ПМ 10-честичките од 40 мг/м3 според ЕУ или уште построги 20 мг/м3 според Светската здравствена организација, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.