Македонија
Шекеринска на прв министерски состанок на НАТО
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска првпат учествува на состанок на НАТО во Брисел. Пред официјалниот состанок на ниво на министри за одбрана, Шекеринска се сретна со генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.
„Чест ми е и привилегија е за мене и за мојата земја да бидам тука, првпат на НАТО-министерскиот состанок. Тоа е доказ дека политичката храброст се исплати, дека промените се можни дури и на Балканот, дури и во времиња како овие. Тоа е и доказ дека не постојат смрзнати проблеми, туку единствено смрзнати решенија. Ќе ми биде привилегија да седам веднаш покрај вас и покрај другите колеги министри за одбрана“, рече министерката Шекеринска.
Столтенберг истакна дека му е голема чест што министерката Шекеринска денеска ќе учествува на министерскиот состанок во НАТО.
„Ова е голем момент за сите нас. Ние навистина го цениме прогресот што го направивте и без вашата лична посветеност, посветеноста на вашето лидерство и на вашата влада, ние немаше да бидеме во можност да ве имаме тука, односно да ве поканиме на овој министерски состанок. Ова е еден голем ден и со нетрпение го очекувам денот кога ќе бидете наш полноправен член, штом заврши процесот на ратификација на пристапниот протокол кај сите 29 сојузници“, рече генералниот секретар Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

