Македонија
Штип бара стрит-артисти, ќе се прави галерија на отворено
Општинската установа за култура Дом на младите – Штип распишува повик за избор на 7 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамките на проектот „Нашиот дом“. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити-уметноста.
Идејата е во склоп на еден од најзначајните објекти градот под Исарот да се интегрира првата галерија на отворено, посветена на уличната уметност и графити-културата. „Нашиот дом“ е темата со која ќе почне овој културен проект. Конкурсот е отворен од 10.2.2019 до 30.3.2019 година.
„Оваа идеја има цел да се даде простор на домашните автори да реализираат едно дело посветено на нашата институција, која е симбол на градот. Покрај промоцијата на домашните уметници пред јавноста, ќе може да се претстават и уметници од другите градови. Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица – концепт, во една од категориите: 1. Street art или 2. Graffiti.
Настанот ќе се реализира во интервалот од 10 до 28 мај, а на 1 јуни 2019 година ќе се случи официјалното отворање на галеријата во склоп од фестивалот „Сигнал“, кој ќе се одржува два дена, на 1 јуни со изложба на фасадата и изведувачки уличен перформанс пред неа и на 2 јуни со музички настан.
Локацијата на настанот е на предната фасада на Дом на младите. На фасадата на предниот дел од Дом на младите на ѕидот ќе бидат оформени 7 полиња за работа. Настанот е во организација на ОУК Дом на младите – Штип.
Организаторот за потребите на настанот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, фотодокументација и архивирање, изработка на брошура, како и еднакви хонорари за авторите во согласност со обезбедените средства (7×6.100 денари/нето). Постојат 7 димензии на полиња, затоа авторите треба да ја земат предвид адаптабилноста на скицата. Точните позиционирања и организацијата на делата ќе се извршат по изборот на пристигнатите апликации од страна на тричлено жири. Организаторот, по завршувањето на повикот, на 5 април јавно ќе ги објави резултатите. Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа“, се вели во повикот.
Скиците треба да бидат испратени во плик со назнака „Галерија на отворено“. Скицата на задната страна содржи шифра, а во друг плик се податоците за авторот и шифра на скица со назнака „не отвoрај“ за конкурсот „Галерија на отворено“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

