Македонија
Конститутивна седница на Дигиталниот форум за Информатичко-комуникациски технологии
Денеска се одржа конститутивна седница на Дигиталниот форум за ИКТ (Информатичко-комуникациски технологии) со којашто претседаваше министерот Дамјан Манчевски, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.
За претседател на Дигиталниот форум е избран Боро Јакимовски, претставник од академскиот сектор и професор на ФИНКИ, а за заменик-претседател Бардил Јашари, претставник именуван од невладиниот сектор и извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.
„На денешната седница беше утврдена динамиката со која би се состанувале членовите, идните чекори во насока на прецизирање на визијата и целите на новоформираниот Дигитален форум, како и начинот на понатамошна комуникација со националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност“, соопштуваат од надлежното министерство.
Во форумот освен министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и претседателот на Националниот совет за ИКТ и сајбер-безбедност, Владимир Цветковиќ, членуваат уште 12 претставници од невладиниот и академскиот сектор, како и Стопанските комори поврзани со информациско-комуникациските технологии.
Дигиталниот форум ќе работи врз основа на размена на идеи, искуства и информации од областа на информатичкото општество и обезбедува координација и учество во развојот на информатичкото општество на јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор и академската заедница, објаснуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

