Свет
Рухани ги обвинува Израел и САД за смртоносната бомба во Иран
Иранскиот претседател Хасан Рухани ги обвини Израел и САД дека стојат зад самоубиствен бомбашки напад во четвртокот во југоисточниот дел на Иран во кој загинаа 27 припадници на Иранската револуционерна гарда и вети одмазда против Џаиш ал-Адл, “платеничката група” која наводно го извршила нападот во нивно име, пренесува Ројтерс.
„Ова злосторство ќе остане како валкана дамка во црното досие на главните поддржувачи на тероризмот во Белата куќа, Тел Авив и нивните регионални агенти”, изјави тој.
Ќе се погрижиме оваа платеничка група да плати за крвта на нашите маченици. Главниот корен на тероризмот во регионот се Америка и ционистите, а некои земји што произведуваат нафта во регионот исто така финансиски ги поддржуваат терористите”, додаде Рухани за ИРНА.
Врховниот лидер, ајатолахот Али Камнеи, објави тврдење дека сторителите на нападот се поврзани со шпионски организации.
„Постои врска помеѓу ова злосторство и некои регионални и меѓународни шпионски и разузнавачки агенции”, посочи Хамнеи.
Бомбата, која беше насочена кон автобус на Револуционерната гарда, е една од најсмртоносните во Иран во последниве години. Рухани ги повика другите земји во регионот да се борат против тероризмот.
„Ако ова продолжи , а тие не можат да ги сопрат терористите, јасно е – врз основа на меѓународното право – дека имаме одредени права и ќе постапиме по нив во соодветно време”, рече тој.
Нападот се совпадна со конференцијата за Блискиот Исток во Полска организирана од САД во обид да го зголемат притисокот врз Техеран. Министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ја нарече конференцијата „Варшавски циркус” и нагласи:
„Соработници на истите тие терористи се радуваа на улиците на Варшава и го поддржуваа нападот со твитер-ботови? САД се чини дека секогаш го прават истиот погрешен избор, но очекуваат различни резултати “.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

