Забава
Желки од Галапагос ја прекинаa љубовната врска по 90 години
Желките Биби и Полди од Галапагос, кои се жители на зоолошката градина во Клагенфурт, Австрија се навистина посебни, бидејќи дури 90 години живееле во среќна врска. Но, од пред неколку години нивната љубовна идила не само што завршила, туку толку се замразиле, што си нанесуваат крвави повреди.
Според експертите од зоолошката градина, Биби е вистинска ,,дива” која сака да се излежува на сонце и обожува да јаде домати. Нејзиниот поранешен партнер Полди ужива во истите работи, но особено сака да го чешкаат по вратот и е познат по својата дружељубивост.
Двете желки дојдоа во светот во 1897 година во зоолошката градина во Швајцарија, а нивната љубов започна во 1920-тите. По педесет години среќна љубовна врска полна со нежност се преселија во Клагенфурт. Двајцата ја преживеаја големата депресија, двете светски војни и влезот во новиот милениум. Сепак, според Атлас Обскур, Биби и Полди ја раскинале идиличната долгогодишна романса во 2011 година.
Едно утро чуварот при обиколката на желките видел нешто необично. Биби го нападнала Полди и му одгризала парче од оклопот нанесувајќи му повреди. До тогаш, тие секогаш спиеле заедно така што оклопите секогаш им се допирале. Поради тоа, нивната нетрпеливост ги зачудила вработените во зоолошката градина. Поради новонастанатиот конфликт двете желки морале да бидат раздвоени.
Сопствениците на зоолошката градина направиле се за да ги смират. Хелга Хап за Дер Шпигел, вели дека се надевале дека ќе успеат во тоа, им организирале различни игри на интимост, им нуделе богата трпеза со домати, се обидувале повторно да ги зближат, но безуспешно.
,,Тие понекогаш се толерираат, но тука нема повеќе љубов”, вели сопственичката на зоолошката градина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кората од портокал може да има изненадувачки здравствени придобивки за срцето
Горчливата кора од портокал е тука за да го заштити плодот, а може да го заштити и нашето тело, само ако престанеме да ја фрламе.
Откриено е дека кората од портокал содржи биоактивно соединение, наречено ферулоилпутресцин (ФП), кое може да има корист за здравјето на срцето кога се јаде.
Ова откритие ги заинтересирало научниците од Универзитетот во Флорида и американското Министерство за земјоделство.
Во експериментите, кога глувците биле хранети со хранлив екстракт од кора од портокал, богат со ФП, шест недели по ред, истражувачите забележале намалување на биомаркерите во крвта поврзани со воспаление и кардиоваскуларни болести.
ФП е метаболит првично пронајден во листовите и сокот од грејпфрут. Иако се појавува и во некои портокали, се чини дека не е присутен во лимон и мандарини.
Соединението привлече голем интерес во последниве години поради својот антиоксидативен и антиинфламаторен потенцијал, но сè уште има многу експерти кои не знаат многу за тоа, пренесува „Сајнс алерт“.
„Ова е ново откритие што го нагласува претходно непризнаениот здравствен потенцијал на ферулоилпутрецинот во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести“, вели научникот за храна Ју Ванг од Универзитетот во Флорида.
Портокалите се едно од најпопуларните овошја во светот, се консумира главно за нивниот сок, а горчливата кора обично се фрла.
Секоја година 32 милиони тони кора од портокал оди во отпад, иако се јаде и може да биде добра за нас.
Во споредба со сочниот дел, кората од портокал содржи импресивна концентрација на витамини, антиоксиданси и лимонен – хемикалија која може да има антивоспалителни и антиканцерогени својства. Откривањето кои биоактивни соединенија се најважни за човековото здравје и зошто ќе биде клучно ако научниците сакаат да создадат најздрав можен екстракт.
Работата на Ванг и нејзините колеги овозможи грант од 500.000 американски долари од владин оддел за истражување дали екстрактот од кора од портокал може да го подобри здравјето на нашите црева и срцето.
Кора од портокал не е најлесната храна за внесување во оброкот, но ако научниците можат да дизајнираат производ од кората, таа би можела да стане популарна храна за подобрување на здравјето.
Неколку компании веќе брзаат да го направат токму тоа. А неодамна, истражувачите открија дека со само малку труд, кората од банана може да се претвори во вкусна, хранлива закуска полна со антиоксиданси и витамини. Истото важи и за кората од манго.
Забава
Три хороскопски знаци во кои се раѓаат психички најсилните луѓе
Сите ние понекогаш се соочуваме со предизвици кои ја тестираат нашата ментална сила. Но, некои од нас се справуваат со овие предизвици со неверојатна леснотија и решителност. Ако некогаш сте се запрашале кои луѓе поседуваат непоколеблива ментална сила, ѕвездите ги имаат одговорите. Во овие хороскопски знаци се родени психички најсилните луѓе.
Шкорпија
Не е тајна дека Шкорпиите се познати по својот интензитет и одлучност. Нивната ментална сила доаѓа од нивната способност храбро да се соочат со нивните најдлабоки стравови и предизвици. Нивната бестрашност и непоколебливост ќе ги направи еден од најсилните знаци на Зодијакот.
Јарец
Јарците се олицетворение на упорност и дисциплина. Нивната ментална сила произлегува од нивната неверојатна способност да останат фокусирани на своите цели, без оглед на препреките што ќе им се најдат на патот. Овој знак има исклучителна способност за планирање, што им овозможува да ги надминат и најтешките предизвици.
Водолија
Водолиите се познати по својата оригиналност и интелектуална сила. Нивната ментална сила лежи во нивната способност да размислуваат надвор од рамката и да најдат иновативни решенија за проблемите. Тие не се плашат од промени и често се пионери во своите области, користејќи ја својата остроумност и логично размислување за да ги надминат предизвиците.
Забава
(Видео) Мечка упадна во куќа во Калифорнија и излезе со колачиња
Снимено е видео од мечка која упаднала во куќа во Калифорнија.
Непоканетата гостинка влегла во домот додека домаќините биле излезени, а ја забележале соседите.
Мечката е фатена на камера додека го напушта „местото на злосторството“ со докази за грабежот. Во вилиците носела кесичка со колачиња Орео, кои очигледно не сакала да ги пушти
Соседката Вина Кори за локалните медиуми изјавила дека истото животно, сега познато како „Орео“, претходно упаднало во нејзината гаража.
Тогаш украло чоколадна торта од фрижидерот, пренесува UPI.com.