Македонија
„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски
Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.
Воедно, ги осудуваме инсинуациите на Бојан Јовановски, кој вчера на социјалните мрежи напиша дека во тек се преговори за соработка меѓу „1ТВ“ и „Макфакс“. Нашата редакција со него и со „1ТВ“ нема никаков договор за соработка, а по вчерашниот негов став, нема никогаш ниту да има.
Оттука, Бојан Јовановски не може и нема да има никакво влијание во однос на уредувачката политика и во однос на новинарите и вработените во „Макфакс“.
„Макфакс“ и целата Групација Клип медија и во минатото, а и и во иднина, остануваат да бидат една од слободните медиумски зони во Македонија која се придржува до принципите на слободно, професионално, независно и одговорно новинарство, ослободено од какви било политички, партиски и бизнис-влијанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

