Македонија
Сончево со температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, а по должина на Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Утре времето ќе биде сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. В петок ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота повремени слаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од североисточен правец, што ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегувал и ширел лаги и манипулации во јавноста.
„Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција. Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.