Свет
Противниците на брегзит ја тролаат Меј со огромни билборди во Брисел
Непосредно пред значајниот состанок на ЕУ во Брисел, џиновски билборд во центарот на градот ја изложи антибрегзитската изјава што Меј ја даде во 2016 година, направена да изгледа како еден од нејзините твитови, пренесува РТ.
Случајните минувачи вчудовидени го читаа масивниот дигитален билборд над плоштадот Де Брукер во центарот на Брисел. Иако избраниот твит е лажен, тој бил создаден со користење зборови на Тереза Меј од говорот што го одржа во 2016 година додека беше секретар за внатрешни работи.
Твитот гласи: „Верувам дека е јасно оти е наш национален интерес да останеме членка на Европската Унија”, и изгледа како да бил објавен на личниот профил на Меј на „Твитер“. Билбордот ротира низ неколку екрани, а твитот се појавува цели 10 секунди од секоја минута.
Активистичката група одговорна за инсталацијата, „Лед бај донкис” (Предводени од магариња), дејствуваше со беспрекорен тајминг и поставеност: билбордот се појави само неколку часа пред состанокот на Меј во зградата „Берлејмон“ на Европската комисија, која е само неколку километри подалеку. Иако не е јасно дали Меј го видела исмевачкиот билборд, поради неговата големина и локација е невозможно да го промашите.
Реакциите на кампањата низ социјалните мрежи беа ентузијастички, а многумина ја пофалија групата за изведување на штосот додека Меј е во градот.
Иако „Лед бај донкис“ веќе е озлогласена за поставување неколку слични билборди во последниве месеци, вчерашниот билборд со антибрегзитскиот твит е најистакнат досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

