Македонија
Акција во домот „Гоце Делчев“: „Студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста средина“
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска почна акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската општина Карпош.
Градоначалникот Богоев им се заблагодари на екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје за интервенцијата и ја истакна потребата од зголемен инспекциски надзор и контрола, за да се одржи нивото на хигиената на јавните површини во општината.

Покрај Богоев, почетокот на акцијата го означија и помошник-директорот за оперативно-технички работи, Етула Амети, и директорот на студентскиот дом, Дарио Николовски.
„ЈП ‘Комунална хигиена’ спроведе неколку акции за чистење на студентските домови и универзитетите, затоа што веруваме дека студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста и здрава средина. Се надеваме дека нашите активности ќе резултираат со зголемување на свесноста за важноста на совесното и правилно одлагање на отпадот“, изјави Амети.
Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, се ангажирани десет работници, додека од механизација се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.