Македонија
Регистрирани 2.943 заболени од грип
Во текот на изминатата недела, од 11 февруари до 17 февруари, во земјата се регистрирани 2.943 заболени од грип, што претставува зголемување за 31 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.246 заболени од грип, се наведува во извештајот што го објави Институтот за јавно здравје.
Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 21,1 отсто споредено со истиот период минатата сезона. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 112 материјали за тестирање на грип, од кои 72 (64,3 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 50 Influenza A(H1)pdm, девет Influenza A(H3) и 13 Influenza А несуптипизиран.
Најголем број заболени (1.861) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 284 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Според податоците од 26 извештајни единици, најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (486), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци (673,9 на 100.000 жители).
Во сезоната 2018-2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 9.314. Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

