Свет
Венецуелска војска распоредена и на границата со Колумбија

Венецуeлските власти наредиле испраќање на војска во близина на границата со Колумбија, соопшти денеска оперативната команда на националните вооружени сили.
„Следејќи ги инструкциите на нашиот врховен командант Николас Мадуро, командантoт на Стратешката оперативна команда на вооружените сили, Ремиџо Себаљос нареди испраќање на војска на границата меѓу Колумбија и Венецуела со цел да се гарантира мирот и безбедноста на граѓаните по затворањето на границата“, се вели во соопштението на Твитер, а пренесе новинската агенција „Тасс“.
Во четвртокот претседателот Мадуро нареди затворање на границата со Бразил, а вчера потпретседателот Делси Родригез нареди привремено затворање на три мостови кои ги поврзуваат Венецуела и Колумбија.
Поддржувачите на лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо, планираа да внесат неколку тони хуманитарна помош и медицински потрошен материјал преку сега затворени гранични премини, а кои беа испратени од страна на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Европската Унија воведе царини за САД

Европската унија одобри воведување контрамерки во форма на царини за повеќе американски производи како што се соја, мотоцикли и сок од портокал. Според информациите на дипломати вклучени во гласањето, единствена членка која се спротивстави на пакетот е Унгарија, додека останатите 26 земји гласаа „за“.
„ЕУ ги смета американските тарифи за неоправдани и штетни, предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната економија. ЕУ јасно стави до знаење дека претпочита преговори со САД кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија“, се вели во соопштението на Европската комисија.
Како одговор на тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум, ЕУ ќе ги воведе своите контрамерки во три фази. Првиот бран стапува на сила следната недела, вториот во средината на мај, а третиот на крајот на годината, во декември.
Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал. Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.
Првично, овие мерки требаше да стапат во сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договор без царини.
Втората фаза, која ќе почне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.
Третата фаза е закажана за 1 декември кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.
Во меѓувреме, денеска стапија во сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки, кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела.
Свет
Постигнат договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.
СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот „Билд“, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува „Дојче веле“.
Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и за пензиските прашања. Изминативе денови некои од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози промената на политичкиот курс најавена во кампањата.
ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.
Свет
(Видео) Стаорци големи колку мачки се шетаат во вториот по големина град во Велика Британија

Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција во последните години, се соочува со финансиски тешкотии, а сега купишта вреќи со ѓубре се трупаат на улиците додека работниците од комуналните претпријатија штрајкуваат поради спорот со градскиот совет во врска со платата.
Според извештаите, градот се соочува со зголемување на наездата на стаорци како резултат на оваа ситуација, пренесува Си-ен-ен.
Медиумите јавуваат дека во градот шетаат стаорци со големина на мачки.