Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Членови на кумановската група секојдневно се закануваат
Секојдневно сме сведоци како членови на кумановската група и нивни поддржувачи испраќаат пораки со кои бараат крв и одмазда кон сите политички неистомисленици на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Заканите на кумановската група, на која Заев ѝ ветуваше амнестија и меѓународна истрага, не престануваат, а власта молчи. Зоран Заев и неговите соработници, кои се одговорни за безбедноста на државата, не преземаат ништо. Ова отвора сериозен сомнеж дека зачестените закани не се случајни и не се без поддршка од структури од власта. Очигледно е дека власта нема намера да преземе ништо против оние што се закануваат“, смета опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ прашува дали е тоа поради поддршката што им ја ветувал премиерот Зоран Заев во врска со настаните во Диво Насеље. Под закана се, велат од ВМРО-ДПМНЕ, животите на сите политички неистомисленици на аболираниот Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт.
„Обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е само еден од низата скандалозни чинови што го потврдуваат тоа. Власта знае во раните утрински часови да провалува во домови и да приведува недолжни граѓани кои напишале статус во кој го критикуваат Зоран Заев, а сега нема ниту изјава за тоа кој ги испраќа заканите. Нема ниту истрага за мотивите, а ниту се презема нешто за да се спречат намерите на оваа т.н. кумановска група, која се заканува со одземање човечки животи“, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги преиспита одлуките за притвор на Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Христијан Делев и сите други политички неистомисленици, кои, како што велат, се жртва на прогонот на оваа власт.
Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ бараат МВР веднаш да ги открие и санкционира лицата што се закануваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

