Македонија
Викендов се случиле 21 сообраќајна несреќа во Скопје

Од петокот до неделата во Скопје се случиле 21 сообраќајна незгода, од кои една со загинати лица, една со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и 10 со материјална штета, соопшти полицијата.
Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, едно лице добило тешки телесни повреди и 13 лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 148 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 106 возачи, од кои: 42 затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 45 управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и 19 возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 26 возила бидејќи 25 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се 16 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување возила во зона на крстосница, седум возачи поради непоседување пропишана зимска опрема. 17 поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 23 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во текот на изминатите денови издадени се 276 мандатни платни налози и 183 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Да победиме, за да можеме да влеземе во Град Скопје и во администрацијата и да ги решиме предизвиците со кои се соочува градот, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај Момин поток, рече дека најпрво мора да се победи на изборите, да влезат во администрацијата за да можат побргу да се надминат сите предизвици со кои се соочува Град Скопје и ги повика скопјани на 19 октомври да гласаат за број 9 за Орце Ѓоргиевски.
„ Па треба да влеземе прво во Град Скопје, од оние информации кои ги имаме добиено а се алармантни, таму има многу работи кои треба да се решат пред се должничко доверителски односи, така што, ајде да влеземе прво во Градот Скопје, затоа јас ценам и ги замолувам граѓаните да излезат масовно уште на 19 октомври, Орце Ѓорѓиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што побргу да влеземе во администрацијата за да можеме побргу да ги надминеме сите овие предизвици со коишто ќе се соочиме“ нагласи Мицкоски.
Македонија
Адвокатска канцеларија во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот.
Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.
Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите.
Ова, се истакнува во соопштението, е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници.
„Со тоа, Кривичниот суд се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот“.
Македонија
(Видео) Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД, вели Благица Цветановска, кандидат за советник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП ови по мерка на урбаната мафија.
Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец им одговара на Филипче и Заев и на СДС. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат – Стевчо Јакимовски“.
Маја Мојсова молчи и не кажува до крај, додава Цветановска, кој ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори која и ја дадоа Венко Филипче и Зоран Заев, кои се договорија со Стевчо Јакимовски за поддршка или ќе покаже грам доблест и интегритет и ќе се спротистави на бетонизацијата на Карпош која ја планира Филипче и Заев преку Стевчо Јакимовски.
„Маја Мојсова мора да каже јасно и гласно дали во вториот круг ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за бетонизација на Карпош по мерка на Филипче и Заев, за сметка на граѓаните кои ќе добијат запуштена општина“.