Регион
Звиздиќ: Нема да бидеме собиралиште на мигранти на Западен Балкан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/463099.jpg)
Босна и Херцеговина нема да дозволи да стане собиралиште на мигранти на Западен Балкан и каква било финансиска помош насочена кон тоа нема да биде прифатена. Ова го изјави денеска во Сараево претседавачот на Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ.
Тој потсети дека Босна засега има шест центри во кои може да бидат сместени максимум 4.500 мигранти и дека само со овој број центрите може да се справат и да управуваат имајќи гопредвид фактот дека за БиХ зачувувањето на безбедноста е најважното прашање, пренесе „Фена“.
Звиздиќ е дециден дека доколку границите кон ЕУ бидат целосно затворени, во тој случај и БиХ ќе оди во правец на затворање на границите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-081715.jpg)
Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.
Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија овој регион од 26 јануари се случи вчера вечер и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
The Santorini-Amorgos earthquake swarm just keeps going. It has now produced over 1,000 individual events since it began on January 27. pic.twitter.com/KQwxEj0Vbb
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 5, 2025
Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал „Прототема“.
На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со карпи кои се одрониле на брегот од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
Локалните власти поставија лента и забележаа дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои се уште се на островот доаѓаат и прават селфи.
Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата кога наеднаш зачестија земјотресите.
Регион
„Многу е тешко да се предвиди што е следно“: серијата земјотреси околу Санторини ги збуни геолозите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-2.jpg)
Грчкиот остров Санторини и неговата околина продолжуваат да се тресат, а десетици илјади луѓе се евакуирани. Тековните земјотреси најверојатно се предизвикани од серија движења на раседот, но тие се многу невообичаени, изјави Дејвид Пајл, професор по геологија на Универзитетот во Оксфорд, за LiveScience.
– Проблемот со овој настан е што гледаме земјотрес по земјотрес. Сè се случува под вода и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи следно“, вели Пајл, кој го проучувал вулканот Санторини.
Егејското Море се наоѓа на мала плоча од Земјината кора, која се протега додека африканската плоча се лизга под евроазиската плоча. Ова истегнување, додаде тој, доведува до движења на раседите кои потоа предизвикуваат земјотреси.
„Областа е малку повеќе погодена отколку во 2011 и 2012 година, а стапката на откриени земјотреси е поголема, но фокусот е надвор од вулканот“, рече Пајл.
Повеќето земјотреси се случија помеѓу вториот подводен вулкан Колумба, кој се наоѓа на 7 километри североисточно од Санторини и малиот остров Анидрос.
Иако научниците веруваат дека овој пат земјотресите се активирани од движењето на тектонските плочи, не сите се сигурни дали постои поврзаност помеѓу серијата земјотреси и потенцијалната вулканска активност кај Колумбо.
„Ние навистина не знаеме многу за системите за снабдување со длабока магма на вулканите“, рече Пајл.
Вулканот Колумбо последен пат еруптираше во 1650 година, кога предизвика катастрофално цунами што ги опустоши островите во регионот.
Санторини бил обликуван од таканаречената минојска ерупција пред околу 3.600 години. Истиот вулкан имал „една од двете најголеми ерупции во овој дел од светот“ пред околу 520.000 години.
Регион
Во петок повторно бојкот на маркети во Хрватска, се очекува да има и во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-4.jpg)
Потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“ најави обновен генерален бојкот на продавниците и услугите поради рекордни цени за петок, 7 февруари и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир од сабота.
Јосип Келемен, советник на платформата „Ало, инспекторе“, рече дека Србија, Босна и Херцеговина, Македонија повторно ќе бојкотираат, а ќе се приклучи и Косово.
„Потрошувачите побараа од нас да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Почнуваме сè повторно: од трговски синџири, пекари, услуги, производи“, изјави Келемен за новинарите во Загреб.
Тој најави дека овој петок ќе се бојкотира секоја форма на купување производи и услуги, а од сабота ќе се одржи и бојкот на еден малопродажен синџир. Граѓаните ќе одлучат за кој ланец ќе биде тоа во анкета објавена на Фејсбук страниците на платформата.
Келемен додаде дека анкетата отворена денеска побудила голем интерес кај граѓаните поради што двапати „падна серверот“.
Според него, трговците не ја разбрале пораката од претходните два генерални бојкоти.
Во Хрватска денеска завршува седумдневниот бојкот на три трговски синџири: Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – флаширана вода, газирани пијалоци и детергенти.
Бојкотите беа поддржани од синдикатите, опозицијата и владата.
Како мерка за помош на граѓаните во борбата против високите цени, Владата одлучи да ја прошири листата на производи со ограничени цени на 70 производи, наместо досегашните 30.
Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека државата реагирала, но дека сега мора да се вклучат и други, оценувајќи дека „никој немаше да банкротира ако цените беа малку поумерени“.
Хрватските медиуми пишуваат дека многу хрватски граѓани кои живеат во пограничните области на земјата се повеќе избираат да купуваат во Словенија и Италија, каде што цените на разни стоки се пониски.