Македонија
Пентагон: Русија настојува да ги спречи земјите како Северна Македонија и Црна Гора да го изберат својот пат

Портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, рече дека НАТО се залага за слобода, демократија и колективна сигурност, а земјите, како Северна Македонија и Црна Гора, кои ги делат овие вредности, се знак на успех, а не на напнатост.
Запрашан дали и во која мерка членството на Северна Македонија во НАТО ќе ги зајакне тензиите помеѓу Западот и Русија, Пахон за подгоричкиот весник „Побједа“ рече дека САД се загрижени поради постапките на Русија, која се меша во евро-атлантскиот пат што го избрале земјите од Западен Балкан.
„Северна Македонија силно придонесува кон НАТО-мисиите, како и регионалните иницијативи за засилување на соработката и сигурноста на Западен Балкан. Русија настојува да ги спречи земјите како Северна Македонија и Црна Гора да го изберат нивниот пат преку агресивно однесување и застрашување“, рече Пахон, пренесе РТЦГ.
Тој истакна дека посветеноста на САД за Западен Балкан е непоколеблива.
„Тоа е приказна што често не се нагласува, а Русија правеше сè во минатото да го намали нашиот придонес“, изјави портпаролот на Пентагон.
Според неговите зборови, САД ќе останат посветени на сигурноста, стабилноста и просперитетот во Jугослоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.