Македонија
Османи: Естонија е пример за успешна европска приказна кон која се стреми и земјава
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со заменик-министерот за европски прашања на Република Естонија, Мати Маасикас, кој е во работна посета на земјава.
Османи изрази благодарност до својот соговорник за континуираната поддршка од неговата земја за аспирациите за членство во Унијата на нашата земја, но и благодарност за тоа што Република Естонија е земја промотор на процесот на проширување на ЕУ.
„Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Северна Македонија стекнува важни искуства и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции“, истакна Османи. Тој ја презентира динамиката на спроведување на реформите предвидени во планот 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
„Очекуваме уште подобар извештај за напредокот на земјата, кој ќе го рефлектира реформскиот момент во земјата заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во јуни за почеток на преговорите со Република Северна Македонија“, додаде Османи, при што побара директна поддршка од својот соговорник во клучниот период што ни претстои.
За време на средбата соговорниците се осврнаа и на билатералната соработка помеѓу двете земји изразувајќи согласност дека таа ќе продолжи и во иднина имајќи ја предвид важноста од оваа помош во клучниот период што ни претстои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

