Македонија
(Видео) Стоилковски: Кого крие Јовески, зошто не се постапува по пријавата за изборен поткуп?
„Кого крие и што крие републичкиот jавен обвинител, Љубомир Јовески, повеќе од пет месеци? Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж? ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме, на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно?“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп во која како доказ е поднесено видео од кое се гледа како Зоран Заев поттикнувал и јавно повикувал на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува иако минаа пет месеци од референдумот и иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.
„Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес. Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?
Пет месеци поминаа по завршувањето на референдумот на 30 септември, повеќе од пет месеци минаа од поднесените кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од пет месеци нема никакво известување од ОЈО, ниту од јавниот обвинител Љубомир Јовески за кривичните пријави! Државата се подготвува за нови избори, а републичкиот јавен обвинител сето тоа го гледа и не реагира. Според законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама републичкиот јавен обвинител, Јовески, никаде го нема!“, рече Стоилковски.
Тој додава дека Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери, како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминалните набавки во четири очи, за Фондот за иновации, буквално за сите криминали што потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици? Јовески го нема ниту за кривичната пријава за објавувањето на Законот за јазиците.
„Јовески е републички јавен обвинител кој мора да си замине! Свесно и намерно, Љубомир Јовески со непостапувањето прави тешки злоупотреби на службената положба и овластувањето. Републичкиот јавен обвинител е обврзан сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно јавно значење. Јовески е должен да преземе предистражни дејства за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција. Со негово нестручно и несовесно работење прави свесна злоупотреба на службената должност. Јовески не презема дејства за кои е задолжен и за што дал заклетва. Помина времето кога јавниот обвинител можеше да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува во согласност со заклетвата. Сега е време да си замине и во согласност со договореното да се избере јавен обвинител по предлог на опозицијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

