Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за зборува за непотизам

ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и нека почнат повлекувањата, сè друго е лицемерно, реагира владејачкиот СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Додека ВМРО ДПМНЕ не преземе чекор, додека не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не почнат повлекувања, опозициската партија нема ама баш никаков кредибилитет. Токму ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот во секоја институција, за време на 11-годишното криминално владеење. Злоупотреба на институциите, непотизам и партизација се симбол за белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ“, наведе СДСМ во реакцијата.
Од партијата додаваат дека пандемијата на непотизам и фамилијарни стебла што ВМРО-ДПМНЕ ги проширила во секоја институции го зафатиле и Кабинетот на Иванов.
„Иванов, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ја повикаат ќерката на советничката на Иванов, Анастасија Илиеска, да се повлече од работното место во Агенцијата за разузнавање, под дриректна надлежност на Иванов. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и Стевананџија наместо да молчат и да се кријат во скапоцениот замок, да излезат пред граѓаните и да ги повикаат своите роднини и роднините на функционерите од оваа партија да се повлечат од работните места, платени со пари на граѓаните.
Мицкоски да го повика својот братучед вработен во ‘ЕЛЕМ турс’ да се повлече.
Милошоски нека ја повика својата снаа вработена во УЈП, вујкото вработен во Катастар, братучедот вработен во Централен регистар, и зетот вработен во МЕПСО, да се повлечат.
Стевананџија нека ја повика својата сопруга вработена во здравство, својата сестра, својата тетка вработена во Основниот суд Прилеп, вујкото и братучедите вработени во јавни и државни претпријатија да се повлечат од работните места.
Време е да почнат повлекувањата на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.
Конечниот збор ќе го има Државната комисија за спречување на корупцијата.
Борба против непотизмот почна и враќање назад нема да има“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Шабан Салиу: Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија!

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање упатува порака до жителите на оваа скопска општина дека ќе стави крај на понижувањето и по добивањето на довербата за градоначалник веднаш ќе започне со системска акција за чистење на отпадот.
„Секој здив во Шуто Оризари денес носи понижување. Миризбата од ѓубрето ни ја понижува секоја улица, ни ги гуши децата. Доста е“, истакнува Салиу.
Во пораката, Салиу најавува конкретни мерки уште од првиот ден на градоначалничкиот мандат.
„Првиот ден како градоначалник ќе донесам една јасна одлука: Шуто Оризари ќе дише чисто. Ќе започнеме со вонредна акција за чистење — без одложување и без изговори,“ порачува Салиу.
Тој додава дека приоритет ќе биде и долгорочно решение за отпадот.
„Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија. Ќе го рециклираме отпадот, а општината ќе биде енергетски одржлива. Ќе создадеме нови работни места за нашите луѓе во Шуто Оризари,“ вели претседателот на Демократските сили на Ромите(ДСР) и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу.
Салиу ја нагласува и моралната обврска кон најмладите и повикува на граѓанска мобилизација и гласање за бројот 24.
„Ова е збор пред вас, пред народот: нашите деца заслужуваат воздух, не срам. Браќа и сестри Роми, ова е нашиот час за промени. Шуто Оризари ќе дише. И тоа ќе се види“, вели Салиу.
Соопштенија
„Ревизија на сите тендери во Аеродром“, најавуваат од партијата Левица

„750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!“, велат од Левица – Аеродром.
„Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!
По преземање на општината: Ќе направиме ревизија на сите тендери. Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена. Доста беше со шминкање на реалноста во Аеродром“, додаваат од Левица – Аеродром.
Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.