Свет
Киев не ја одобри иницијативата на ОБСЕ за пролетен прекин на огнот во Донбас
Претставниците на Киев во Контакт-групата за решавање на спорот во Источна Украина одбија да ја прифатат иницијативата на ОБСЕ за пролетен прекин на огнот од 6 март, изјави за рускиот претставник во Контакт групата, Борис Гризлов, пренесува ТАСС.
„Киев го зголемува бројот на напади на линијата на контакт.Затоа за време на сесијата ја разгледавме иницијативата на ОБСЕ за пролетен прекин на огнот која беше поддржана од руската делегација и од делегациите на Донецк и Луганск. Сепак, понудата за дополнителни мерки за зајакнување на режимот за прекин на огнот беше одбиена од страна на Киев”, рече тој.
Како резултат на тоа, Киев ги испушти сите детали, стоејќи само на повикот за прекин на огнот, и ја одложи одлуката за утврдување на датумот за почеток на пролетниот прекин на огнотна неодредено време, додаде Гризлов.
Гризлов истакна дека патот кон регулација е јасен, и двете страни- Киев и Донбас- презедоа одредени обврски.
„Во февруари 2015 година беше потпишан пакетот мерки за спроведување на Договорот од Минск, а во исто време, водачите на Нормандијската четворка потпишаа декларација за негова поддршка, а договорот беше усвоен и со резолуција во Советот за безбедност “, рече тој.
Сепак, постојат тврдења дека Русија мора да се придржува до Договорот од Минск.
„Морам уште еднаш да го повторам ова: и Договорот од Минск и меѓународните документи потпишани во негова поддршка јасно укажуваат дека Русија е гарант, медијатор, а не страна во конфликтот”, продолжи рускиот претставник.
„За жал, современиот систем на меѓународно право е во критична и нестабилна ситуација. Западните политичари, кои ги поддржаа државниот удар во Киев и казнената операција во Донбас се директно одговорни за ова. За да избегаат од оваа ситуација, двете страни во украинскиот конфликт мора да се придржуваат до Договорот од Минск. Меѓународната заедница мора да побара од Киев да ги почитува сите обврски предвидени во тој документ,” заклучи Гризлов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

