Контакт

Македонија

(Видео) Заев ја почна официјалната посета на Романија со средба со премиерката Данчила

Објавено пред

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ја почна официјалната посета на Романија со средба со романската премиерка, Виорика Данчила. Таа соопшти дека во Романија се почнати процедурите за ратификација на протоколот за пристап на нашата држава во НАТО, што е изгласано во Домот на пратениците. Во изјавата за медиуми таа рече дека очекува брзо заокружување на тој процес и дека земјава што побргу ќе биде 30. членка на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Романската премиерка Данчила ја реафирмира позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан. Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи. Премиерката Данчила јавно му честита на премиерот Заев за неговиот придонес преку храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион, соопшти Владата.

Во изјавите за медиумите премиерот Заев рече дека носи искрени поздрави од граѓаните на нашата држава и од Владата.

„Во нивно и во мое име ви се заблагодарувам за вчерашната ратификација на протоколот за пристап во НАТО во Домот на пратениците на романскиот парламент и за сета ваша поддршка во процесот на НАТО-интеграциите на нашата држава. Особено ми е драго што сме во официјална посета на Букурешт и што посетата се поклопува со една важна фаза во ратификацијата на протоколот за влез во НАТО од страна на пријателска Република Романија. Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена историската можност за влез на нашата држава во алијансата. Денес, на темелите на минатото изградивме иднина. Северна Македонија е на атлантскиот пат. Пријатели, благодариме“, порача Заев.

Освен за НАТО-интеграциите, премиерот Заев се заблагодари и за поддршката во европскиот пат на земјава. „Благодариме и што Република Романија за време на претседавањето со Советот на Европската Унија го одржува фокусот на проширувањето и ги мотивира заложбите на сите земји членки на ЕУ да ја поддржат земјава во европските аспирации. Без задршка, ќе ги пренесам очекувањата на Владата и на граѓаните на нашата држава, по отворените НАТО-перспективи, во јуни да ја потврдиме одлуката за почеток на преговорите со ЕУ“, рече премиерот Заев.

Тој објасни дека земјава е во процес на суштински реформи, дека има свест за важноста од имплементацијата на донесените закони и потребата да испорачаме резултати во клучните реформски области водејќи се од европските принципи и вредности. Дека направивме пресврт во политичката клима во државата, а ја поставивме земјава на јасен демократски пат како едно општество за сите во државата.

„Презедовме храбри и внимателни политички чекори со кои ги постигнавме договорите, прво со нашиот сосед, Република Бугарија, а потоа и со нашиот сосед Република Грција. Договорот од Преспа, што го реализиравме, денес е пример дека се можни решенија на најчувствителните билатерални политички прашања“, нагласи премиерот Заев. Тој додаде дека е значајно што со премиерката Данчила е постигната согласност за унапредување на економската соработка и можноста за одржување бизнис-форум.

„Интересот на инвеститорите за вложувања во нашата земја расте. А како две пријателски земји, кои немаат отворени политички прашања, имаме можност да се посветиме на економијата, она што е во директен интерес за граѓаните на нашите држави. Тоа ќе го направиме и со договорот меѓу двете влади за соработка во образованието, науката, културата, медиумите, младите и спортот, што е во завршна фаза за ратификација во нашето Собрание“, наведе премиерот Заев.

Таа упати честитки за отворените НАТО-интеграции и за крупните политички чекори направени за кус временски период и рече дека Романија сака да ја види земјава како еднаква членка на НАТО.
На билатералната средба упатени се честитки за целиот прогрес на нашата земја за НАТО со надеж дека европскиот пат ќе биде реалност и дека тоа би бил најсреќниот момент од работата на романското претседателство. На состанокот се разговараше и за поконкретни иницијативи во меѓусебната соработка во областите на енергетиката и одбраната.

Средбата на ниво на делегациите беше реализирана на високо владино ниво. Од страна на Романија, освен премиерката, беа и министрите за надворешни работи, за одбрана, за дијаспора. Премиерот Заев, пак, е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски. Попладнево предвидени се средби на премиерот Заев и делегацијата со претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и со заменик-претседателот на Сенатот на Романија, Јулијан Клаудиу Манда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Објавено пред

Од

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за здравство велат дека целта е да се регулира употребата и на новите никотински производи, имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни материи, а според последните истражувања овие производи често полесно создаваат зависност.

Исто така, предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со: овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста.

„Примарна цел на овој сегмент од законот е заштита на здравјето на младото население, за кое најновите истражувања покажуваат дека меѓу учениците на возраст од 13 до 15 години вкупно 9,0% моментално користат електронски цигари, додека 4,9% од учениците моментално користат тутунски производи кои се загреваат, а 10,6% пријавиле дека некогаш ги користеле“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

​Воедно, предлог-законот за заштита од пушење е усогласен со глобалните јавно-здравствени политики и со насоките на Светската здравствена организација преку рамковната конвенција за контрола на тутунот. Тој воспоставува сеопфатен систем што ги следи клучните принципи на конвенцијата: заштита од изложеност на чад, ограничување на маркетинг, промоција, спречување индустриско влијание преку спонзорства, контрола на достапноста и мерки за превенција и поддршка за откажување.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Објавено пред

Од

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, вели министерката за образование, Весна Јаневска.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за МРТ1, Јаневска истакна дека сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.

„Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме“, рече Јаневска и додаде дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.

Министерката ваквиот став го кажа и на настан што се одржа во декември. Таа тогаш кажа дека ќе се продолжи времето кое учениците го поминуваат во училиште.

„Нашите деца не се помалку способни од нивните европски врсници за да бидат на дното на табелите од меѓународните тестирања. Затоа ќе го продолжиме времето што го минуваат во училиште, и тоа ќе се искористи за развивање на знаења и вештини споредливи со оние што ги имаат учениците во Европа. За да ги подготвиме наставниците да преминат од предавачи на факти во водичи и партнери во учењето, ќе посетуваат потребни обуки, меѓу кои и за читање со разбирање“, рече Јаневска на Свечената академија по повод 30-годишниот јубилеј на Педагошкиот факултет.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Објавено пред

Од

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино.

dobivaj vesti na viber

„Денеска предметниот јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор“, соопшти Обвинителството.

Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија1 час

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија2 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија3 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет4 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ5 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет6 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет7 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет7 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет7 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа8 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет8 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет9 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет1 ден

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет1 ден

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...