Контакт

Економија

Првпат доделени награди за одржлив развој

Објавено пред

Здружението „Конект“ првпат во нашата земја ги додели наградите „Предводници на Целите за одржлив развој“ на компании, поединци, млади бизнис-лидери од компании поради нивниот придонес кон Целите за одржлив развој (SDGs).
Наградите им беа врачени на:

dobivaj vesti na viber

1. Компаниите: „Пивара“ АД Скопје, „Фармахем“, Цементарница „Усје“ АД Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Адора инженеринг“ ДООЕЛ и „Макпрогрес“ ДОО;

2. Поединците: Наталија Бургиева од „Мама органа“, Мартина Блинкова-Дончевска од ИЕГЕ и Соња Бојаровска од „Тинекс“; и

3. Млади бизнис-лидери (до 35 год.): Сара Кочан од „Данцерс унитед МК“ ДОО Скопје и Ирина Тошева од „Ателје Ирина Тошева“.
Специјално признание им беше доделено на „Мастер протекшн“ – подружница „Доун фор ју“ за вработување лица со пореченост во услужна дејност.

На Церемонијата за доделување на наградите се обратија заменик на претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, вршител на должноста постојан координатор на ООН и претставник на УНИЦЕФ, г. Бенјамин Перкс, и извршната директорка на „Конект“, Никица Кусиникова.

„Целите за одржлив развој не може да се исполнат ако се насочиме само на едно нешто, само на образование или само кон социјалната политика, туку треба да биде сеопфатно. Затоа, централно место во сето ова имаат и компаниите затоа што се тие работодавци и тие треба да бидат општествено одговорни и да целат кон тоа заедно со заедницата да градат подобро општество“, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Никола Бертолини, раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, посочи: „вистинско демократско општество е тоа каде што одлуките се носат преку инклузивен меѓусекторски дијалог на граѓанските организации, приватниот сектор и институциите одговарајќи на барањата на граѓаните и во насока на одржлив развој на општеството во целина“.
„Иако Обединетите нации се двигател на глобалниот договор и на Целите за одржлив развој, нивната реализација зависи од локалните компании и поединци што ги прифаќаат тие цели и ги ставаат секојдневно во употреба преку своите активности. Во име на ОН сакам да ја поттикнам јавноста да го следи примерот на наградените, да ја охрабрам Владата да ги прифати Целите со креирање законодавна и политичка рамка за поддршка на оние што активно работат на нивно постигнување“, изјави Бенјамин Перкс, вршител на должноста постојан координатор на ООН и претставник на УНИЦЕФ.

„Целите за одржлив развој даваат уникатна можност бизнисот да создава подобро општество. Квалитетното образование, здравата и продуктивна работна сила и разумното користење ресурси се предуслови за развој на бизнисот што кај нас се препознаени. Добитниците на наградите веќе прават многу и инспирираат, а „Конект“ ќе продолжи да ги поддржува сите бизниси во остварувањата на целите градејќи партнерства со граѓанскиот сектор и институциите“, изјави извршната директорка на „Конект“, Никица Кусиникова.

Целите за одржлив развој се визија за одржлива иднина на светско ниво и нудат можност за воспоставување на нова димензија на бизнис-секторот. Усвоени во 2015 година од 193 држави во Обединетите нации, меѓу кои е и нашата земја, тие може да ја обликуваат новата ера на компаниите што се посветени и отворени за нови предизвици.

Наградите за одржлив развој ги додели „Конект“ во партнерство со мрежата на глобалниот договор од оваа земја, а во рамките на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, финансиран од Европската Унија. Наградените ќе бидат инспиративни примери на бизниси и поединци, кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој. Повикот за номинирање за наградите беше објавен на почетокот од годината.

(ПР-текст)

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM

Објавено пред

AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.

Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.

Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.

Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.

Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.

Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.

Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија24 минути

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет3 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија3 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет5 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет5 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион5 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет5 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа5 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет5 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија18 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија21 час

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија23 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија23 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија23 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет24 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија1 ден

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија1 ден

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...