Контакт

Свет

Северна Кореја тврди дека состанокот на лидерите пропаднал поради дополнителни барања на САД

Објавено пред

Северна Кореја побара само делумно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната централа Јонгбјон, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг-хо.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека причина за ненадејниот прекин на состанокот меѓу лидерите на САД и Северна Кореја е дека Вашингтон  побарал од Пјонгјанг да направи чекор повеќе кон нуклеарно разоружување, објави агенцијата АП.

„Северна Кореја претстави реален предлог на самитот меѓу севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, и претседателот на САД, Доналд Трамп, но Вашингтон инсистираше Пјонгјанг да направи дополнителен чекор и покрај затворањето на нуклеарна централа Јонгбјон“, рече министерот.

Тој на прес-конференција истакна дека Пјонгјанг понудил трајно расклопување на целокупното производство на нуклеарни материјали, вклучувајќи и плутониум и ураниум, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Северна Кореја, според него, побарала од Вашингтон делумно, а не целосно укинување на санкциите, што е спротивно на изјавата што ја даде Трамп.

Претседателот на САД, претходно кажа дека договор не бил постигнат поради барањето на Северна Кореја за целосно укинување на американските санкции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пронајдена ДНК на млад човек (23) на телото на убиеното 11-годишно девојче во Франција

Објавено пред

На телото на жртвата е пронајдена ДНК од младиот маж осомничен за убиството на девојчето Луиз (11) во Франција, јавуваат француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Продолжува истрагата за убиството на Луиз, која беше пронајдена мртва во саботата во шума во Есон.

Осомничениот Овен Л. (23) е уапсен во понеделникот вечерта, а медиумите јавуваат дека станува збор за млад човек кој живее во истата област со девојчето.

Тој имал гребаници на рацете и неговото алиби содржи неколку контрадикторности, објавија медиумите. Покрај него, уапсени се уште три лица – неговите родители и неговата девојка.

Според „БФМТВ“, на рацете на жртвата била пронајдена ДНК на главниот осомничен.

Овен Л. веќе и бил познат на полицијата за помали прекршоци, вклучително и чин на насилство, дознава француската телевизија од извор близок до истрагата.

Луиз исчезна во петокот откако не се врати дома од училиште. Беше започната масовна потрага, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено под дрво во шумата во саботата.

Прикажи повеќе...

Регион

Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и се здобил со тешки изгореници

Објавено пред

Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.

dobivaj vesti na viber

„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.

Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.

Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.

Прикажи повеќе...

Регион

Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше во текот на ноќта

Објавено пред

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

dobivaj vesti na viber

Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.

Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3,35 до 4,23 часот.

Во 6:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.

Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.

Од 1 февруари, повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Киклади, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.

Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа3 часа

Данско разузнавање: Русија би можела да започне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет4 часа

(Видео) Снежна лавина блокираше хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако лавина блокираше три хотели во...

Свет4 часа

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска...

Европа4 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион5 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија18 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија18 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија22 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија22 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија24 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија1 ден

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ1 ден

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет1 ден

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет1 ден

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет1 ден

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет1 ден

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...