Црна хроника
Струмичанка измамена од лажен адвокат кој ѝ зел 23.000 евра
Струмичанка била измамена од лажен адвокат, кој ѝ ветувал дека ќе ѝ обезбеди документација и плацеви, за што ѝ зел над 26.000 евра. Според полицијата, вчера во 9:40 часот во СВР Струмица, Б.Д.(61) од село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“ против лицето К.Л.(31) од Скопје, а престојувал во Струмица.
Според пријавеното, во 2015, К.Л. се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе ѝ обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, општина Струмица. За таа намена, во повеќе наврати во 2015 и 2016 таа му исплатила надомест од 26.900 евра. По ова, до денот на пријавувањето, К.Л. не ѝ обезбедил земјоделско земјиште, а од парите ѝ вратил само 3 000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Осуденик нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.П.(50) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 23.05.2024 во амбулантното одделение во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавениот физички нападнал затворски полицаец при вршење службени дејствија.
Црна хроника
Нападнал полицаец кој се обидел да го спречи да побегне од затворот: кривична пријава за осуденик
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(25) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 15.03.2024, пријавениот физички нападнал затворски полициски службеник, кој се обидел да го спречи да побегне од казнено – поправната установа, каде издржувал затворска казна.
Црна хроника
Малолетник нападнат од соученици: се обиделе да извршат полово дејствие врз него
Синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11.00 до 15.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.
Малолетниците како што соопшти полицијата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија надлежните.