Македонија
(Видео) Заев : Пендаровски е надпартиски кандидат и верувам дека сите ќе застанеме зад него

,,Стево Пендаровски е надпартиски кандидат и верувам дека сите ќе застанеме зад него”, изјави премиерот Зоран Заев по средбата во хотелот Хилтон, каде се сретна со раководството на партијата.
Владејачката партија вечерва го избра Пендаровски за кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од владејачката коалиција.
,,Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски пред се, човек кој ги обединува сите етнички заедници, кој верува во оваа политика , политика на едно општество за сите. Верувам дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател на Република Северна Македонија“, изјави Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На секои два до три часа возење неопходно е правење куса пауза, Тошковски вели дека заморот е причина за голем број несреќи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дел од раководството на МВР го посети граничниот премин Табановце каде заедно со претседателот на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжија кампањата „Безбедно во лето – Вози одморен“ чија промоција беше минатиот месец на граничниот премин Богородица.
Министерот Тошковски посочи дека преку оваа кампања ги потсетуваме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди., како и дека овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.
„Целта е да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи посебно во летниот период од годината при патување на годишен одмор. На долгите патувања како што е годишниот одмор клучни се паузите за одмор, на секои два до три часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Упатуваме апел до возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, додавајќи дека зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР и дека и во наредниот период продолжуват активностите со цел да се намали бројот на жртви на патиштата.
Македонија
Мицкоски: Имаме 828 потпишани проекти, без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за капиталните инвестиции кои се однесуваат на општините од вториот повик од унгарскиот кредит, кои се проектите, какви се проектите и каков бенефит за граѓаните тие ќе носат.
„Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција која што од Владата директно ќе биде наменета за општините. Во минатото сме сведоци на многу проекти од Владата кои што биле со одреден фокус и имале поинаква оптика и ова е сосема различен пристап. Јас сум многу задоволен бидејќи нема поубаво чувство кога ќе се организира настан и ќе се соберат градоначалниците од сите општини, од сите политички партии кои што имаат свои градоначалник, но и независни и кои што во мое присуство ќе потпишат договори за реализација на ваков тип на проекти. Овој проект преставува модел како треба државата да функционира, кога имаме заеднички интерес. Во случајот тој заеднички интерес се проектите во општините. И сите тие без да постои било каква замерка, дојдоа и потпишаа договори во една апсолутна хармонија, и тоа е примерот како треба да функционира. Од една страна е добро за граѓаните, кои не се тие кои треба да ја платат сметката поради политичките разлики кои ги имаат политичарите“, истакна премиерот Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека имаме 1.200 градилишта, активни и идни, во државата и дека истото е добро за бизнисот, градежни компании градат булевари, спортски сали, паркови, училишта, градинки и други капитални инвестиции. Тој додаде дека до сега над 20 милијарди денари е вкупниот обем на инвестициите и процесот е целосно транспарентен.
„И самото тоа што никој не негира и негодува, туку напротив се заблагодаруваат и опозицијата и тоа е добро. Еве да речеме градоначалникот на една општина во југоисточна Македонија, излезе и јавно се заблагодари исто така и други градоначалници кои што се од опозицијата излегоа и се заблагодарија и овој пример треба да се следи. Тоа е добро затоа што од истата таа опозиција слушавме дека станувало збор за апсолутистичка власт, јас сум бил деспот, сум имал елементи на деспотско однесување, а од друга страна се заблагодаруваат на Владата што финансира и поддржува општини кои што не се само дел од власта, туку и од опозицијата“, објасни Мицкоски.
Македонија
Сиљановска-Давкова свика втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи утре, 1 август 2025 година, петок, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.