Забава
Промотивен концерт на Туна во Македонска филхармонија
Алтуна Сејди – Туна, име што веќе е познато на сите генерации љубители на забавната музика, по извесно затишје, како што уметниците го нарекуваат „креативна тишина“, овој пат за посветеност на семејството, се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот, во организација на Културно информативен центар-Скопје (КИЦ). Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера и посветеност на музиката. На концертот таа ќе го промовира својот албум „Фортуна“, а ќе изведе и избрани песни што се паметат и што публиката сака да ги пее. Туна издаде неколку албуми од кои се издвојуваат хитовите: „Да живееме“, „Чао мачоман“, „Пироман“, „Туна“, „Нема веќе диктатура“, „Тестамент“, „Психолози“, „Женска сила“, „Инат“, „Сакаме“ и др. што ќе бидат дел од програмата на претстојниот концерт.
За време на своето дведецениско присуство на музичката сцена таа ги зазема концертните подиуми во својата и надвор од земјава, нејзината музика се искачи на врвот на топ-листите.
Имаше само 15 години кога се појави на музичката сцена. Стана препознатлива по својот уникатен стил и имиџ и веднаш ги освои срцата на љубителите на музиката.
Многумина ја сметаат за енергична девојка, уникатна пејачка на сцената со привлечен глас. Со своите ритмички песни брзо стана популарна во Косово, во Македонија и во Албанија. По стапнувањето на музичката сцена веднаш се најави како победник на фестивалот „Нота фест“ во Скопје. Оваа победа и ги отвори вратите до сите концертни подиуми. Туна, како борбена девојка, смело, со желба да го пренесе својот глас до публиката, ја отпочна својата кариера соработувајќи со звучни музички имиња. Иако млада, доби статус на тренер во музичката програма „X-фактор на Албанија“. Потоа учествуваше во комисии и на други музички фестивали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Камала Харис пиеше пиво во ТВ емисија
Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првиот претседател на Белата куќа по осум години која ужива во пиво, како што покажа во вторникот вечерта во забавната емисија кога подели шише пиво со водителот Стивен Колберт.
За разлика од претходните двајца станари на Белата куќа, заколнатите антиалкохоличари Доналд Трамп и Џо Бајден, демократската кандидатка призна дека понекогаш сака пиво.
Харис откри дека последен пат пиела пиво со сопругот Даг Емхоф за време на бејзбол натпревар.
Забава
2 милиони лајкови: Ријана позираше во оскудно издание, воодушеви од промената на имиџот
Ријана објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во оскудно издание за најновата кампања на нејзиниот бренд Savage x Fenty и Diesel и ги воодушеви фановите со промена на имиџот.
36-годишната пејачка позираше во црвена долна облека, а комбинацијата ја комплетираше со црвено здолниште и сина бунда.
Вниманието на обожавателите го привлече нејзината црвена боја на коса, која ја имаше во 2010 година, кога го издаде својот петти студиски албум наречен Loud.
Нејзината објава собра повеќе од 2,1 милиони лајкови за само 24 часа.
„Сензационално! Изгледаш совршено во црвено“, „Совршенство“, „Таа се надмина себеси“, „Немаш конкуренција“, се дел од коментарите на фановите.
Забава
Прогласена е за една од најубавите жени на светот, ретко кој се сеќава како изгледаше пред операциите
Бела Хадид беше прогласена од научниците пред неколку години за жена со најубаво лице на светот. Тие се воделе од теоријата на златниот пресек и ги анализирале и најмалите детали на лицето, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, образите и вилицата. Со пресметка заклучиле дека има совршени пропорции.
Оваа година таа беше меѓу првите 10 најубави жени според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон.
Деновиве таа се врати на модната писта по двегодишна пауза. Таа носеше ревија за Сен Лоран на модната недела во Париз, каде што беше претставена женската колекција за пролет/лето 2025 година Нејзиното враќање беше дочекано со ентузијазам.
Сепак, малкумина се сеќаваат како изгледала на почетокот на кариерата, кога сè уште не беше подложена на бројни пластични операции.