Црна хроника
Викендов казнети 177 пијани возачи
Викендов на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што контролирани се над 1.300 возачи.
Кај 177 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани. На територија на СВР Скопје – 39, СВР Тетово – 15, СВР Велес – 18, СВР Битола – 25, СВР Куманово – 27, СВР Струмица – 17, СВР Охрид – 11 и СВР Штип – 25.
При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

