Свет
„Волво“ ќе ја ограничува брзината на своите автомобили

„Волво“ ќе постави ограничување на брзината на своите автомобили како дел од напорите на компанијата за елиминирање на фаталните сообраќајни несреќи.
Производителот на автомобили рече дека ограничувањето ќе спречи автомобилите да се движат побрзо од 180 километри на час. Од „Волво“ исто така размислуваат и за други технологии со кои би можеле да се воведат построги ограничувања на брзината на возење во близина на училишта и болници.
„Волво“ има поставено амбициозна цел до 2020 година да нема ниту една жртви или сериозни повреди од нивните нови модели на автомобили. Во својата изјава, компанијата тврди дека е лидер во безбедност и дека тоа и понатаму ќе биде така, како и дека ако ограничувањето на брзината овозможи барем еден човечки живот да биде спасен, нивните напори вредат.
Производителот на автомобили додаде дека го разгледува и проблемот со возење под влијание на алкохол и дека наскоро ќе предложи план за справување со овој проблем.
„Сакаме да ја отвориме темата за тоа дали производителите на автомобили имаат право или можеби дури и обврска да инсталираат технологија во своите автомобили што ќе го менува однесувањето на возачот, за да се решат проблемите како брзото возење, возењето под дејство на алкохол или недоволното внимание“, изјави директорот на „Волво“, Хокан Самуелсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.