Црна хроника
Пријава за ексдиректорка на библиотека во Кочани
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(44) од село Оризари, Kочанско, поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Таа во својство на вршител на должност директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, во 2017 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувањето, во два наврата постапила спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки на тој начин што, без да спроведе постапка за јавна набавка, фаворизирала два правни субјекта.
„Во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка – вршење градежни активности во ЈОУ Библиотека ‘Искра’ – Кочани и Оризари, без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги. Исто така, во текот на 2017 година за услуги за патен транспорт (такси-услуги за вработените) фаворизирала едно правно лице од Кочани, без да спроведе постапка за јавна набавка и без тие услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на библиотеката“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

